• Latest

18 април низ вековите

April 18, 2018
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

18 април низ вековите

April 18, 2018 06:56
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е Меѓународен ден на спомениците на културата и локалитетите.

1797.- Роден е францускиот државник и историчар Луј Адолф Тјер, основач и прв претседател на Третата република од 1871 до 1873 година. Како шеф на версајската влада во 1871 година во крв ја задушил Париската комуна. Дела: „Историја на Француската револуција“, „Историја на конзулствата и царствата“.

1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски, американски диригент од полско потекло, пропагатор на современата музика, еден од најголемите диригенти во светот во 20 век. Умрел во Хемшаир, Англија, на 14 септември 1977 година.

1903 –  Загинал Константин Кирков (познат и како Костадин Кирков) – македонски револуционер-анархист, член на тајниот терористички кружок Гемиџии кој ги извел познатите Солунски атентати кон крајот на април 1903 година во Солун. Кирков прво ги минирал цевките низ кои поминувала вода и гас кај т.н. серска железничка станица во Солун, а потоа фрлил една бомба помеѓу луѓето пред „Гранд Хотел“. Загинал при обидот да ја крене во воздух телеграфската станица во текот на Солунските атентати, а тоа воедно бил и неговиот последен атентат.Кирков бил вљубен во убавата внука на сопственикот на тогашната солунска Отоман банк, Алис.

1906.- Силен земјотрес го погодил Сан Франциско, во САД, град кој тогаш имал 400.000 жители. Биле срамнети со земјата голем број квартови, а загинале над 700 луѓе. По првиот потрес следел друг со иста сила, а стихијата го уништила тоа што преостанало. За три години бил изграден нов и поголем град на пацифичкиот брег.

1909.- Во Скопје е роден Аспарух Хаџиниколов, македонски музички педагог и композитор. Тој и припаѓа на постарата генерација македонски композитори кои целокупната композиторска дејност ја насочувале кон негување и музичка обработка на македонски народни песни. Умрел во Скопје, на 11 август 1980 година.

1936.- Умрел италијанскиот композитор Оторино Респиџи, ученик на Николај Римски-Корсаков, кој создал дела во раскошни оркестарски бои, главно во импресионистички манир. Дела: „Грегоријански концерт“ за виолина и оркестар, симфониските поеми „Римски фонтани“, „Римски празници“, опери.

1941.- Со одобрение на Хитлеровата врховна команда, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнале воената окупација на Македонија.

1942.- Американската авијација првпат го бомбардирала Токио.

1955.- Во индонезискиот град Бандунг започнала афроазиската конференција на 29 земји, на која биле потврдени принципите на деколонизација и создавање на „третиот свет“.

1980.- Јужна Родезија под името Зимбабве станала 50-та независна држава во Африка.

1984.- Во Скопје умрел Софре Штерјоски, новинар на Радио Скопје, еден од најпознатите македонски хумористи и сатиричари, автор на повеќе книги за деца. Роден бил во селото Лавчани, Кичевско, на 20 април 1949 година.

1991.- Собранието на Република Македонија донесло одлука за промена на името на Радио-Телевизија Скопје во Македонска радио-телевизија.

1994.- Странските хуманитарни организации соопштиле дека етничките масакри на припадниците на племињата Хуту и Тутси, за време на кои се убиени околу милион лица, ја зафатиле целата територија на Руанда.

1996.- Република Македонија и Република Руанда воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади.

2002.- Умрел норвешкиот истражувач и антрополог Тој Хејердал кој во 1947 година за 101 ден го препловил Тихиот Океан со сплавот „Кон-Тики“, изграден според нацрт од времето на Инките. Со тоа докажал дека перуанските Индијанци се можни населувачи на островите во Полинезија. Книгата за патувањето долго 8.000 километри е преведена на 67 јазици. Во 1970 година успеал да го преплови Атлантскиот Океан на сплав од папирус, сакајќи да докаже дека древните медитерански цивилизации биле во состојба да допрат до американскиот континент.

2004.- Новиот шпански претседател на влада, социјалистот Хосе Луис Родригез Сапатеро издал наредба за повлекување на околу 1.400 шпански војници од Ирак.

2007.- Најмалку 32 работници загинале во една челичарница на североисток од Кина, кога пукнал голем сад во кој се наоѓале 300 тони течен метал. Несреќата се случила во градот Тиелинг во провинцијата Лиаонинг.

2011.- Италијанскиот магнат Пјетро Фереро, првиот човек на компанијата која ги поседува Нутела, Ти-Так, Киндер и Фереро Рошер, загинал во Јужна Африка. Компанијата има 18 фабрики во кои работат 21.000 луѓе.


Извор: МИА

Tags: 18 априлвремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ