• Latest

Лукреција Маљковиќ-Атанасовска, директор на Академијата за протокол

April 24, 2018

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лукреција Маљковиќ-Атанасовска, директор на Академијата за протокол

April 24, 2018 09:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Д-р Лукреција Маљковиќ-Атанасовска е основач и директор на Академијата за протокол на Македонија и меѓународен консултант по етикеција и протокол, сертифициран од Школата за протокол од Вашингтон за Република Македонија. Таа член на Меѓународната асоцијација на службеници за протокол и дипломатија со седиште во Вашингтон, САД.

Дали сметате дека во Македонија има добар протокол?

– Морам да забележам дека за време на претходната Влада имаше малку повеќе чувство за важноста на овој сегмент, сега Владата е нова, претпоставувам дека се уште се екипира и оди малку побавно, меѓутоа се надевам дека конечно во Македонија ќе престане да се импровизира овој сегмент. Најчесто, луѓе што работат протокол во Македонија, се луѓе кои немале никакво искуство во тоа поле. Има професионалци, но се многу малку.

Што можете да издвоите како пример за добар протокол?

– Постојат многу земји што имаат извонреден протокол, па дури и во нашето опкружување. Поранешна Јогославија, на пример, имаше протокол од светски рамки. Ние како земја само требаше да се водиме по тој пример. Кај нас, направен е некој сублимат во кој се ставени и работи кои не ни се сродни. Генералната тенденција во светот денес е практичноста. Вие ако направите споредба со протоколот од минатото, каде што имало церемонијали, каде што посетите траеле по неколку денови и сегашните протоколи, ќе забележите дека се е сведено на практичност, за што најдобар пример е Европската унија.

Симона-протокол

Колку години сте вие во оваа професија?

– Јас работам од 1996 година во организација, но како службеник за протокол започнав да работам во 2000 година, кога се вработив во американската Амбасада. Тоа значеше опслужување на амбасадорот и сопружникот и заменик-амбасадорот и сопружникот, односно организирање на сите приеми, состаноци и вечери на кои тие беа домакини. Од 2008 година работам на обуки за протокол.

Дали сметате дека кај нас политичарите го почитуваат протоколот, бидејќи се забележуваат многу пропусти, кој е виновен за тоа лицата кои го водат протоколот или нивните шефови?

– Мислам дека е двете страни, често зборувам со колегите за тоа, има голем број политичари кои воопшто не го почитуваат протоколот, од друга страна лицата кои се задолжени за тоа не знаат да се наметнат. Се сеќавам на покојниот Киро Глигоров, тој максимално ја почитуваше жената која го водеше неговиот протокол и сите нејзини инструкции. Тоа е таа стара школа на политичар кој почитува протокол. Постои една поговорка за тоа – со терористи се преговара, со протокол не. Поради тоа се функционирало беспрекорно, политичарите го почитуваа протоколот, но и протоколот знаел да се наметне. Сега, моите колеги како да се плашат.

Какво е вашето искуство во однос на почитувањето на протоколот?

– Јас сум имала шефови кои ме слушале кога ќе им посоча нешто, на пример, променете ја вратоврската не можете да одите на комеморација со светла вратоврска и поради тоа подоцна ми се заблагодарувале, но сум имала и шефови кои кога ќе им сигерирам нешто ми велеле „кој го кажа тоа“, а подоцна кога ќе пишивале во весници за грешката што ја направиле, сфаќале дека требало да ме послушаат. Поради тоа велам дека е важно протоколот да се наметнува и многу е важно да се има знаење за сите негови сегменти за да ја добиете потребната почит од шефовите.

Симона-протокол

Изби скандал поради црвениот килим што беше поставен во винаријата „Тиквеш“ при доаѓањето на премиерот Зоран Заев. Дали протоколарно тоа беше грешка?

– Не, според мене само требаше килимот да биде друга боја, потемна. Сметам дека тоа е мала грешка на протоколот.

Зошто кај нас постои таква неорганизираност?

– За да не се случи тоа, на пример, Американците за секој настан имаат генерална проба. Буквално за секој, исто така имаат и план Б и план Ц, доколку се случи нешто што не е предвидено, доколку заврне, доколку некој гостин не дојде… Ништо не оставаат на случајност, па дури и во таков случај се случувале грешки. Мислам дека кај нас е најголем проблем што не постои една служба за протокол како во сите држави. Сите политичари имаат свој тим за протокол и кога неколкумина од нив треба да се појават на еден настан постои некоординираност помеѓу тимовите. Не сакам да звучам навредливо, но се сеќавате дека во претходниот владин состав, кога премиерот Никола Груевски и претседателот Горге Иванов ќе присуствуваа на ист настан, поренешниот премиер беше централната личност, со што се доведуваа во ситуација чиј протокол е „посилен“, што е недозволиво.

Бидејќи имате искуство со американските политичари, споредбено кој повеќе почитува протокол, поранешниот американски претседател Барак Обама, или сегашниот Доналд Трамп?

– Обама, тој човек не дозволуваше да се направи грешка, за секој говор, секој момент беше претходно испланиран, каде да застане, кога да се насмее, кога да ја гушне сопругата, кога да ги заврати ракавите на кошулата, како да се однесуваат неговите деца, а за разлика од него Трамп не го почитува протоколот и тоа веднаш се забележува.

Која земја е на нашето, ниско ниво, во однос на протоколот, а од која земја сте воодушевени за спроведување на протокол?

– Ние сме во рамките на земјите од Западен Балкан, а на пример азиските земји имаат извонреден протокол. Често ги спомениваме САД, но и кај нив се прават грешки, но кога некоја земја е толку многу експонирана и сите очи се вперени во нив, нормално е да се забележува и најмалата грешка.

Симона-протокол

Кои се разликите меѓу европските земји и САД, бидејќи се забележува дека европските политичари демонстрираат голема строгост, додека кај американските се забележува поголема опуштеност и народност при излагањата?

– Америка е понова земја и во нивната култура има поголема опуштеност, додека од друга страна ги имате европските земји каде во минатото се спроведувал многу строги дворски протоколи и поради тоа постои разлика, дури Американците се смеат на некои сегменти од поранешните европски протоколи и европската култура, од друга страна Европјеците им се смеаат на Американците дека изгледале како „дивјаци“ во минатото. Тоа се забележува и денес, строгоста кај Европејците се уште постои, додека Американците, еве како на пример сопругата на Барак Обама, Мишел Обама излегуваше во јавност по апостолки. Но, се случи пресврт откако дојде на власт Доналд Трамп, бидејќи неговата сопруга Меланија Трамп ја има европската култура и строго ги почитува европските „правила“. Имено, 90 отсто од протоколот во земјите е ист, но останатите 10 проценти ја прават разликата, што не значи дека е погрешно.

Од кои јавни личност сте најмногу воодушевени?

– Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, прекрасен човек и извонреден политичар. Исто така и американскиот амбасадор за кого работев, Лоренс Батлер. Претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски. Би го споменала и Хавиер Солана.

Заклучно, што ќе добијат оние што ќе ги посетат обуките на Академијата?

– Академијата за протокол на Македонија е единствена институција од ваков вид во земјата која нуди обука за протокол и етикеција по сертификација на Школата за протокол во Вашингтон. Наставната програма е професионално дизајнирана и ја следи теоријата на образување на возрасни преку вклучување на индивидуален пристап кон учењето.

Знаење за правилниот деловен, општествен и дипломатски бон-тон, усовршување на манирите и стилот во интеракцијата со други, познавање на дипломатскиот протокол при работа со официјални и дипломатски лица, вештини за подготовка и организација на репрезентативни настани, состаноци, дочек на гост и делегации, подобрување на меѓусебната интеракција со претпоставени, потчинети и колеги од ист ранг, стручност и компетентност во деловната и дипломатската комуникација, подобар личен и професионален имиџ, совладување на правилата на трпезата, совладување на правилата на кодексите на облекување, познавање на мулти-културните разлики и поголема самодоверба за работа со меѓународни организации и форми од странство, подобра професионалност во работење со странски партнери, зголемена самодоверба во официјалните, формалните и неформалните контакти, знаење за меѓународната и личната дипломатија, подобри комуникациски и говорнички вештини и јавен настап, подобри односи со јавноста, разбирањето на кодексот на облекување…

Симона Митровска за МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Академија за протоколинтервју
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ