• Latest

Отворен Центар за испити по кинески јазик

April 26, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Отворен Центар за испити по кинески јазик

April 26, 2018 13:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските студенти ќе можат да добијат објективна оценка за стекнатото знаење по кинески јазик и вистинска потврда за стекнатите јазични компетенции во лиценцираниот Центар за одржување стандардизирани испити по кинески јазик.

Ова го истакна потпретседателот на Универзитетскиот совет на Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, НР Кина на отворањето на Центарот во рамки на институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје. Посочи дека бројот на студенти и курсисти кои го изучуваат кинескиот јазик се зголемува, програмата со културни настани е поразновидна и побогата.

Станува збор за прв ваков Центар во Македонија, нагласи тој и изрази надеж дека ќе придонесе во иднина значително да се зголеми бројот на студенти кои ќе го изучуваат кинескиот јазик.

Центар за испити по кинески јазик

Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, Никола Јанкуловски рече дека отворањето на Центарот се реализира неколку месеци по отворањето на заедничкиот Центар за студии за Кина и земјите од Централна и Источна Европа и Балканот, кој во декември го основале на Факултетот за меѓународен бизнис при Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, чија канцеларија работи во рамки на Институтот „Конфуциј“ во Скопје.

– Фактот што ќе им овозможиме на нашите студенти можност да ги реализираат своите професионални амбиции и да бидат поконкурентни на меѓународниот пазар на труд ја покажува заложбата на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје за квалитетно високо образование и создавање врвен професионален кадар, потенцира Јанкуловски.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Институт „Конфуциј“Испиткинески јазик
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result