• Latest

Работници од „Фени“ бараат да се истражат наводите на „Транспаренси“ за стечајот на компанијата

May 18, 2018
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Работници од „Фени“ бараат да се истражат наводите на „Транспаренси“ за стечајот на компанијата

May 18, 2018 14:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Работници и претставници на синдикалниот одбор во фабриката „Фени индустри“ преку отворено писмо бараат од раководството на „Транспаренси Интернешнл“ во Берлин да ги истражи наводите што во јавноста ги изнесува претседателката на Транспаренси во Македонија во врска со стечајот на „Фени“.

Во писмото тие наведуваат дека се крајно разочарани и вознемирени од нејзините постапки и оти за нив е нејасно, како личност како Тасева може да завземе страна и да постапува по претставка без да направи вистинска проверка на фактите и податоците.

„Претставката по која работи Транспаренси Интернешнл-Македонија, е по барање на групацијата Кунико Ресорис. Оваа групација Кунико, ја донесе компанијата ФЕНИ во стечај и ние како работници изминатите две години се соочивме со егзистенцијални проблеми, кои се многу добро познати на македонската јавност и на институциите. Одговорните лица од Кунико, избегаа од државата, а за нив веќе има поднесено кривични пријави од надлежните органи. И тогаш јавно овде во Македонија и сега ве прашуваме Вас, дали реномирана организација како Транспаренси Интернешнл постапува по била чија преставка, дури и кога се работи за однапред испланирано малциозно сценарио, и се става себеси во функција на штитење на интерес на криминалец, на компанија што остави на милост и немилост 800 вработени“, се вели во писмото.

 

Претпочитаме да веруваме, се додава во писмото, дека се работи за испад односно изолиран случај каде Тасева по сопствен избор ја злоупотребила организацијата, ставајќи се во функција на приватни и нечесни интереси.

„Загрижени сме за тоа како се одвива целиот процес посебно затоа што се шират информации дека токму Тасева се нудела како правен претставник и помагател на една од компаниите кои се вклучени во стечајната постапка на ФЕНИ за надоместок во износ од 50 илјади евра и дополнителни средства по добиената постапка. Ние како работници, ниту сме институција, ниту имаме ресурси и начин да ја истражуваме вистинитоста на ваквите наводи, токму затоа сметаме дека токму организацијта што ја претставува Тасева, треба да истражи дали таа навистина ги застапува антикоруптивните принципи за кои се залага Транспаренси Интернешнл или се однесува како платеник, со што го валка угледот на целата организација“, се наведува во писмото.

Според синдикалниот одбор, Тасева на прес-конференција отворено се ставила во функција на Кунико Ресурсис, а запрашана зошто не води истрага и за тоа како Фени дошла до стечај, изјавила дека тоа не е нејзина работа.(МИА)

Tags: синдикатстечајТранспаренсиФени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ