• Latest

Лидерска средба за текот на преговорите за името

May 19, 2018

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лидерска средба за текот на преговорите за името

May 19, 2018 08:07
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На иницијатива на премиерот Зоран Заев денеска во Скопје треба да се одржи лидерска средба за да ги информира претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на партиите за деталите од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и за можноста да се даде шанса за евентуално решение што би било прифатливо за двете страни.

зоран заев лидерска струга

– Би сакал да се запази редот, да има информирање за деталите. Прво да му ги соопштам на претседателот на државата, на лидерот на опозицијата, на лидерот на најголемата албанска партија, на претседателот на Собранието. Тоа е редот, за да имаме шанса да изградиме национален консензус по вака важно прашање. Веднаш по состанокот ќе дадеме изјава и сето ќе го споделиме со јавноста, рече Заев, вчера најавувајќи ја лидерската средба.

Иванов обраќање

Присуството на средбата го потврди македонскиот претседател Ѓорге Иванов, од чиј кабинет вчера соопштија дека тој ја прифатил поканата на премиерот Зоран Заев за лидерската средба.

Иванов на средбата очекува да биде информиран за суштината и за деталите од разговорите во процесот за надминување на разликата околу името, истакнаа вчера од кабинетот на претседателот. 

Мицкоски изјава по средбата со Заев

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа во изјава за медиумите потврди дека ќе учествува на средбата и истакна оти ставот по однос на евентуален договор партијата ќе го каже по нејзиното завршување, откако ќе ги има сите информации.

Алексис Ципрас Давос

И од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас најавија дека во претседателската палата во Атина тој ќе го извести претседателот Прокопис Павлопулос за текот на преговорите околу името.

По средбата со Павлопулос, грчкиот премиер, за истата тема, но телефонски, ќе ги извести лидерите на политичките партии, јави дописничката на МИА од Атина.

Изминатите два дена во одредени медиуми се појави информацијата дека најновиот македонски предлог за името во преговорите со Грција  бил „Република Илинденска Македонија“. Владата вчера ниту ја потврди, ниту демантира информацијата.

– Како што изјави премиерот Заев во последната фаза од преговорите, од македонска страна се презентирани повеќе опции за можни решенија, а за една од нив потврдено е дека може да биде прифатлива и за двете страни, соопштија вчера од Владата за МИА.

Македонија Грција

Наспроти ова, грчкиот весник „Катимерини“ објави текст со изјава на извор близок да македонскиот премиер и до шефот на македонската дипломатија во која тој тврди дека двете страни се блиску до договор за името „Илинденска Македонија“.

Според весникот, Ципрас имал позитивен став за овој предлог, а Коѕијас го отфрлил.

– Извор близок до премиерот Заев и до министерот за надворешни работи  Димитров за „Катимерини“ спомена дека двете страни се дојдени блиску до договор за името „Илинденска Македонија“, што се за Скопје се однесува на историскиот настан Илинден (Свети Илија) и на вооруженото востание на „македонскиот народ“ против Отоманите, пишува грчкиот весник.

Од кабинетот на Ципрас, пак, соопштија дека ако нема ерга омнес и уставна ревизија, дискусијата за било какво име е празна содржина.

– Дискусијата за било какво име е празна содржина, ако прво не се исполнат предусловите на Владата, коментираат од кабинетот на грчкиот премиер во врска со натписите во медиумите и ги споменуваат грчките позиции за ерга омнес име и уставна ревизија, стои во соопштението испратено до медиумите.

Димитрис Ѕанакопулос

Министерот без ресор на Грција и портпарол на Владата, Димитрис  во интервју за грчкото радио „Алфа 989“ одби да ги коментира натписите во медиумите дека „Илинденска Македонија“ е предлогот од македонска страна и рекол дека многу имиња се нашле на маса, но се уште двете страни не стигнале до конкретно име. (МИА)

Tags: имеинформирањелидерска средбаПреговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ