Македонско здружение на млади правници организираат настанот за промоција на проектот “Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи” во ЕУ Инфо Центар на 23 мај, со почеток во 10:30 часот.
Целта на проектот е овозможување пристап до правда на најранливи категории на граѓани што ќе придонесе кон правно зајакнување, подобрување на законодавството и имплементација на постоечки механизми кои се однесуваат на пристап до правда во државата.
На промоцијата ќе се зборува за новиот закон за бесплатна правна помош и граѓанското учество во негово креирање.
Млади правници проектот го спроведува во партнерство со Правниот информативен центар Љубљана, Словенија, а финансиски е поддржан од Европската унија.
Б.Ј.