• Latest

Мандатот на Богов истекува утре, предлогот за Ангеловска-Бежоска пред пратениците

May 20, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мандатот на Богов истекува утре, предлогот за Ангеловска-Бежоска пред пратениците

May 20, 2018 08:40
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Утре истекува седумгодишниот мандат на гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов. Според предлогот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој треба да биде поддржан од најмалку 61 пратеник во Собранието, Богов треба да го наследи Анита Ангеловска-Бежоска.

Според собраниски извори предлогот за гласање треба да биде ставен на дневен ред на утрешната собраниска седница која е веќе закажана. Предлогот според најавите треба да добие поддршка. СДСМ, како што изјави деновиве координаторот на пратеничката група Томислав Тунтев, позитивно гледа на новиот предлог на претседателот Иванов.

– Лично сметам дека Ангеловска Бежоска, која е докажан експерт и професионалец во својата област, ја заслужува нашата поддршка, посочи Тунтев. Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека  новиот предлог ќе го разгледаат и дополнително ќе се произнесат, додека ДУИ не го изнесе ставот во врска со предлогот Ангеловска – Бежоска да биде нов гувернер на НБРМ.  

Анита Ангеловска-Бежоска на оваа функција ќе дојде од вицегувернерско место во НБРМ, каде осум години беше задолжена за областите монетарна политика, истражување и статистика, а по втор пат за вицегувернер е избрана во септември 2017 година, кога добила поддршка во Собранието од 97 пратеници.

Претседателот Иванов смета дека Анита Ангеловска-Бежоска, која доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка на Република Македонија е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.

Предлогот Ангеловска-Бежоска да биде гувернер на НБРМ следуваше откако Богов, кој иако претходно беше предложен за втор мандат од страна на Иванов, ја повлече кандидатурата под влијание на, како што кажа, реакциите и роковите за избор на гувернер.

– Во оваа пригода би сакал да му се заблагодарам на претседателот на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов за довербата што ми ја даде со моето повторно предложување за прв човек на Народната банка, што за мене лично претставува валоризација на сработеното во изминатите седум години. Имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите на политичкиот живот во Република Македонија, моменталната политичка констелација и роковите за избор на гувернер, во интерес на државата се повлекувам од кандидатурата за гувернер на Народната банка, за што веќе го известив претседателот на Република Македонија, наведе Богов во допис со кој се повлече од кандидатурата.

Претседателот Иванов на 27 април 2018 година го достави предлогот до Собранието со кој повторно го предложи Димитар Богов за гувернер на НБРМ. Предлог, кој, како што се изјасни парламентарното мнозинство и ДУИ, нема да добие поддршка во Собранието и нема да биде изгласан, а во функција на надминување на состојбата се одржа и средба меѓу премиерот Зоран Заев и Ѓорге Иванов. На средба одржана на 7 мај беа согласни дека НБРМ не смее да се остави без гувернер.

Новиот предлог на Иванов следеше откако доби писмено известување од Димитар Богов дека се повлекува од кандидатурата за гувернер на НБРМ, кој го достави до Собранието на 16 мај.

Анита Ангеловска Бежовска треба да биде петтиот гувернер на Народната банка на Република Македонија и прва жена на оваа позиција. (МИА)

Tags: гувернеризбормандатНБРМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ