Околу 7.000 пара чевли беа изложени на тревникот пред зградата на американскиот Конгрес во Вашингтон. Бројот на оставените чевли го претставува бројот на деца убиени во престрелки во училишта од масовните убиства во основното училиште „Сенди Хук“ во Конетикат во 2о12 година, до денес.
Споменикот го создадоа организаторите кои се залагаат за реформи на законите за поседување на оружје и за поголема контрола на оружјето.
Беа отворени неколку локации каде граѓаните можеа да донираат чевли за акцијата.