• Latest

1 јуни низ вековите

June 1, 2018

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

1 јуни низ вековите

June 1, 2018 06:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународен ден на детето.

1804.- Во Новоспаско, кај Смоленск, е роден Михаил Ивановиќ Глинка, руски композитор и еден од основачите на националниот музички стил во Русија. Со своите композиции го прославил рускиот музички стил во целиот свет. Тој ја компонирал првата руска национална опера “Иван Сусанин”, како и операта “Руслан и Људмила”. Компонирал оркестарски дела, камерна музика, романси и друго. Умрел во Берлин, на 15 февруари 1857 година.

1876.- Во борбата против турската војска загинал Христо Ботев, бугарски револуционер, поет и публицист. Пропагирал јужнословенско единство и социјалистички идеи. Неговата поезија е борбена, социјално бунтовна, но секогаш уметнички вредна. Песните „Борба“, „Ѓурѓовден“, „Хаџи Димитар“ содржат трајни универзални пораки со слободарско-бунтовнички карактер. Роден бил на 6 јануари 1849 година.

1880.- Во САД била поставена прва јавна телефонска говорница во светот, во зградата на „Јејл банката“ во Њу Хевен.

1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин (Мерилин Монро), американска филмска актерка. Играла во филмовите „Џунгла на асфалтот“, „Нијагара“, „Автобуска станица“ и „Седум години верност“. Умрела на 5 август 1962 година

1941.- Германците го освоиле Крит и заробиле 13.000 британски војници со што обезбедиле важна база во Втората светска војна за операции на Блискиот Исток и во Северна Африка.

1943.- Врз основа на известувањето на германските шпиони во Мадрид, германски ловци собориле еден британски патнички авион, сметајќи дека во него се наоѓа британскиот премиер Винстон Черчил. Во злосторничкиот напад загинале сите патници, меѓу кои и познатиот филмски актер Лесли Хауард.

1945.- Стапила во сила одлуката на Владата на ДФ Македонија од 19 мај 1945 за формирање на Македонски федерален статистички уред. На 1 јуни 1995 година била донесена одлука со која 1 јуни е прогласен за Ден на статистичарите на Македонија.

1946. – Во Битола е роден Славе Димитров,  познат македонски композитор, пејач, аранжер и музички продуцент. Кариерата како музички автор, аранжер и изведувач ја започнал во Битола. Во 1971 година на Фестивалот на забавна музика „Скопје“ за првпат е изведена неговата легендарна песна „Чија си“, која доживеа повеќе верзии и безброј изведби кај нас и во странство. Димитров успешно учествувал на речиси сите забавно-музички фестивали во СФРЈ. Многу негови песни станаа хитови („Нежност“, „Има една мома“, „Тивко тивко“, „Дали да ти пријдам“, „Момчето со мандолина“ „Есенска роза“, „Ѕма ѕма ѕм“, „Ти само збориш“…) Големо место во неговиот опус зафаќа музиката што ја компонира за ТВ серии, драми, филмови, театарски претстави („Исправи се, Делфина“, „Големата соба“, „Томе од бензинската пумпа“, „Опстанок“, серијата за деца „Загубено па најдено“…). Меѓу првите во Македонија го воведува компјутерот како помагало во процесот на создавање музика, на што со голем успех се надоврзале неговите синови Оливери Дарко Димитрови, во својство на композитори, аранжери и продуценти.

1947.- Започнала мелиорацијата на Струмичкото Поле, односно прокопувањето на каналот за исушување на Моноспитовското блато.

1953.- Во Женева била основана Европската организација за нуклеарни истражувања.

1968.- Умрела Хелен Келер, американска писателка и преведувач. Слепа и глувонема од втората година на животот, со одличен успех завршила филозофски студии и станала истакнат јавен работник на полето на општествената реформа. Напишала повеќе автобиографски дела, меѓу кои „Историја на мојот живот“ и „Светот во кој живеам“. Родена била во 1880 година.

1974.- Умрел Хуан Перон, аргентински политичар и државник. Роден бил во 1895 година.

1992.- Во Скопје бил поставен камен-темелникот на Домот-музеј на народна музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено бил пуштен во употреба во мај 1996 година.

1994.- Јужна Африка по 33 години се вратила во Британскиот комонвелт.

1994.- Армандо Калдерон Сол станал прв претседател на Ел Салвадор по завршувањето на граѓанската војна која повеќе децении траела во оваа држава.

1996.- Украина, со одлука на претседателот Леонид Кучма и Националниот парламент станала земја без нуклеарно оружје, префрлувајќи ги во Русија последните ракети со нуклеарни глави.

2000.- Во Њујорк умрел Тито Пуенте, светски популарниот латинскоамерикански слеп музичар. Роден бил во 1923 година.

2005.- Холандските гласачи на референдум го отфрлиле Предлог-уставот на Европската унија.

2010. – Починал Андреј Вознесенски – руски поет, писател и есеист, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. Вознесенски бил еден од таканаречените „деца на 60-тите“, една генерација уметници која го вкусила интелектуалното ослободување за време на постсталинистичкото одмрзнување. Неговите иновативни стихови ги иритирале властите и тој честопати бил критикуван од конзервативните советски писатели. Во 1978 година Вознесенски ја добил Државната награда на Советскиот Сојуз, а во 1984 година се закитил со Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. Исто така, тој бил почесен член на десет академии, меѓу кои и на Американската академија на уметности и писма и париската Académie Goncourt. Заедно со Евгени Евтушенко, Бела Ахмадулин, Роберт Рождественски и Булат Окуџава во 70-80-те години на дваесеттиот век станале познати низ целиот свет. Неговите дела се преведени на најголемите светски јазици. Попознати збирки поезија: „Мозаик“, „Триаголна круша“ , „Анти-светови“, „Пушти ја прицата“, „Казиното Русија“ и други. Роден бил на 12 мај 1933 година. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 1 јунивремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ