• Latest

Меѓународна конференција за реформите на безбедносниот систем и евроинтеграциите

June 4, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Меѓународна конференција за реформите на безбедносниот систем и евроинтеграциите

June 4, 2018 10:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Професори и експерти по безбедносни прашања од 15-тина држави учестуваат во работата на деветата Меѓународна научна конференција „Реформи на безбедносниот систем како предуслов во евроатлантските интеграции“, што во организација на Факултетот за безбедност од Скопје од денеска ќе се одржува во Охрид.

На дводневниот собир поддржан од германската фондација „Ханс Зајдел“, Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и МВР ќе се дискутира за примената на современите научни сознанија како идни решенија со цел ефикасен одговор на современите ризици и заканите по безбедноста, односно дестабилизирачките фактори кои создаваат состојби на конфликти.

Конференцијата ќе биде отворена попладнево, во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, потпретседателот на Собранието на Република Македонија Фросина Ташевска Ременски, директорот на Фондацијата „Ханс Зајдел“ за Југоисточна Европа, Клаус Физингер, претседалот на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, Верица Милевска Стефановска и деканот на Факултетот за безбедност-Скопје, Никола Дујовски.

Темата на дискусија во рамки на форумот соодветстува на потребите и заложбите за реформи на безбедносниот систем на Република Македонија, пред се од рационални, економски, безбедносни и причини поврзани  со модифицирање на безбедносните закани и новото безбедносно опкружување, од аспект на остварувањето стандарди за влез во Европската унија и НАТО.

Факултетот за безбедност од Скопје преку своите образовни активности, пред се во создавањето професионален кадар, но и спроведување истражувања и анализа на најдобрите практики е активен чинител во целиот процес на унапредувањето и реформите на безбедносниот систем на земјата. (МИА)

Tags: безбедносниот системЕвроинтеграциитемеѓународна конференцијаОхридреформите
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ