„Познатaтa изјава на владата предводена од Зоран Заев “живот за сите” се докажува дека во Македонија “живот” може да има само за власта и сè што е контролирано од него“, изјавија од Движењето Беса на Билал Касами, на денешната прес-конференција.
Беса на Касами реагираше на одлуката на Апелациониот Суд Скопје, во корист на другото крило на Африм Гаши, која е спротивна на првостепената судска одлука.
„Фактот дека Апелациониот Суд примил фалсификувани докази, кои не се претставени во првo степена постапка, и ги примил документите со печат кој Движењето Беса го има прогласено за неважечки, докажува дека овој процес сега се трансформира во чисто политички процес. Јавно ги прашуваме судиите на Апелациониот Суд, што ги поттикна да донесуваат таква скандалозна одлука на денот кога се гласаше Владата? Дали учеството во Владата на одредени лица влијаело на нивната одлука, која може да се нарече сè, но не правна и законска одлука“, изјави Абдуш Демири од Беса.
„И покрај оваа скандалозна одлука, ве потсетуваме дека Движењето Беса сме ние и дека единствено лице овластено од судот е претседателот Билал Касами, и секој што ќе се обиде да го заобиколи овој факт на крајот ќе се соочи со неопходните постапки пред органите на правдата. Исто така објавуваме дека од денес започнавме судски постапки за некои лица кои биле потпишани во име на Движењето Беса и го фалсификувале партискиот печат“, додаде Демири.
Беса информираше дека се во постојан контакт со меѓународната заедница. Ваквите судски одлуки, според Беса, ја одалечуваат Македонија од целта да биде правна и праведна држава, ќе ја оддалечи од интеграцијата во Европската Унијата каде што правниот систем е еден од клучните столбови.
Б.Ј.