• Latest

На денешен ден

June 10, 2018

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На денешен ден

June 10, 2018 10:38
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ден на социјалните работници на Македонија

Ден на Военото воздухопловство и противвоздушна одбрана на Армијата на Република Македонија

1190.- Германскиот цар Фридрих Први Барбароса се удавил во реката Салеф во Мала Азија во текот на Третата крстоносна војна. На престолот застанал во 1152 година, по што водел многу војни во Италија во обид да ги потчини ломбардиските градови и го принудил папата на покорност. По поразот во 1176 година покајнички се смирил со папата.

1610.- Првите холандски иселеници во Америка се населиле на островот Менхетн, сега централен дел на Њујорк.

1793.- Во Париз била отворена првата јавна зоолошка градина „Жарден де плант“.

1819.- Роден е Гистав Курбе, француски сликар. Бил учесник во Париската комуна, основач и главен претставник  на реалистичката школа, еден од првите уметници кои работеле во природа. Суров и силен, ги отфрлил романтичните пејзажи и идеализирањето на луѓето и доживувањата, вршејќи огромно влијание врз целокупното европско сликарство во 19 век. Умрел на 31 декември 1877 година.

1832.- Роден е германскиот инженер Николаус Аугуст Ото, кој во 1861 годна го направил првиот мотор на бензин, а во 1876 година го измислил четиритактниот мотор со внатрешно согорување, познат како „Ото мотор“, со што го овозможил развојот на автомобилизмот.

1836.- Умрел францускиот физичар и математичар Анре Мари Ампер, основач на електродинамиката. Во негова чест единицата за мерење на силата на струјата е наречена ампер или скратено А.

1912. – Во селото Црвена Вода, Охридско е роден Ванчо Николески, македонски писател, претставник на првата повоена генерација македонскиписатели за деца и младина. По ослободувањето на Македонија, Николески работел како новинар и уредник на весникот „Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола. Од 1950 година, тој бил член на Друштвото на писателите на Македонија. За своето книжевно творештво, Николески бил добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои и наградите: „Климент Охридски“ и „Младо поколение“. Неговите дела се преведени на повеќе јазици, а тој самиот се занимавал со преведување од српски и од руски јазик. Во негова чест Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади. Попознати дела: „Македонче“, „Мице“, „Школско ѕвонче“, „Четиринаесет илјади ослепени“, „Волшебното самарче“, „Гоце Делчев“, „Чуден дедо“, „Под виорното знаме“ и други.

1915.- Роден е американскиот писател Сол Белоу, добитник на Нобеловата награда за литература во 1976 година. Дела: романите „Хендерсон, крал на дождовите“, „Човек на лулашка“, „Жртва“, „Не пропуштај ден“, „Херцог“, „Планетата на господинот Семлер“, „Декановиот декември“, драмата „Последна анализа“, патописот „До Ерусалим и назад“.

1922.- Родена е американската филмска актерка и пејачка Френсис Гам, позната како Џуди Гарланд, која се прославила уште како девојче со улогата во филмот „Волшебникот од Оз“ за која добила Оскар. Останати филмови: „Бебе во војска“, „Да основаме оркестар“, „Бебе на Бродвеј“, „Малата Нели Кели“, „Сретни ме во Сент Луис“, „Часовник“, „Зигфилдовите лудории“, „Пират“, „Ѕвездата е родена“.

1934.- „Роден е Пајо Паторот“, еден од најпопуларните ликови во стриповите и анимираните филмови на американскиот цртач, филмски аниматор и продуцент Волт Дизни.

1940.- Фашистичка Италија влегла во Втората светска војна како сојузник на нацистичка Германија, објавувајќи им војна на Франција и Велика Британија.

1943.- Кај месноста Клинска Леса, Кавадаречко, во борба против бугарската војска загинал Димката Ангелов – Габерот, македонски револуционер, учител и политички комесар на Третата оперативна зона на НОВ и ПО на Македонија. Димката Ангелов бил роден во селото Ваташа, Кавадаречко, на 17 октомври 1916 година.

1945.- На командантот на западните сојузнички сили во Втората светска војна американскиот генерал Двајт Ајзенхауер му било врачено едно од најголемите советски одликувања – Орден на победата.

1949.- Во Лилехамер, Норвешка, умрела Сигрид Ундсет, норвешка писателка, истакнат антифашист. Нејзини познати дела се романите „Марта Оули“, „Срцето на Јени“, „Пролет“, зборникот на раскази „Најсреќните години“, трилогијата „Кристин Лаврансдатер“ и други. Во 1928 година ја добила Нобеловата награда за литература за мајсторството со кое ја опишува средновековната историја на скандинавските земји. Родена била во Калунбор, Данска, на 20 мај 1882 година.

1967.- Израел го прифатил барањето на Обединетите нации за прекин на огнот во војната со Египет, во која Израелците против кои се бореле и Сирија и Јордан, за само шест дена зазеле територија четирипати попространа од Израел.

1996.- Чеченските исламски сепаратисти и официјални претставници на Русија потпишале документи со кои било предвидено ставање крај на 18-месечната војна во Чеченија.

2000.- Умрел сирискиот претседател Хафез ел Асад, кој власта ја придобил со државен удар во ноември 1970 година. Бил еден од највлијателните државници на Бискиот Исток, а на местото претседател го заменил неговиот син.

2004.- Умрел американскиот музичар од афроамериканско потекло Реј Чарлс. Издал 250 албуми и одржал 10.000 концерти. Меѓународната слава ја стекнал во 1954 година со песната „Најдов жена“, а незаборавната песна „Џорџија во моите мисли“ во 1960 година го смести меѓу светските музички икони. (MИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: денешен дендо 10 јуни
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ