• Latest

Неопходна е промена на учебниците!

June 22, 2018
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Неопходна е промена на учебниците!

June 22, 2018 14:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за човекови права и разрешување конфликти (CHRCR) ги презентираше резултатите од истражувањето спроведено во рамките на проектот „Од етнички до граѓански национализам преку основното образование“, во Институтот за социолошки и политичко-правни истражување, со финансиска поддршка од Цивика Мобилитас.

Настанот имаше за цел да ги запознае образовните чинители и пошироката стручна јавност со резултатите од истражувањето, кое беше спроведено за да обезбеди одговори на неколку прашања: „Колкава е важноста која учениците Македонци и учениците Албанци на возраст од 10 и 14 години им ја припишуваат на етничкиот и на националниот идентитет?“, „Кои пораки (формални и неформални) за Македонија и за сопствената етничка заедница ги добиваат учениците Македонци и учениците Албанци во текот на основното образование?“, „Дали (и како) учебниците што се користат во основното образование придонесуваат за градење на етничкиот и/или на граѓанскиот национализам?“ и „Што треба да се промени во учебниците за да може основното образование да се користи за развивање и засилување на националниот идентитет на учениците?“.

Професорката Виолета Петроска – Бешка, која беше дел од тимот што го спроведувал истражувањето, изјави дека проектот имал три компоненти: истражувачки дел на терен, деск-анализа и препораки за што би требало да се води сметка кога ќе се пишуваат учебниците во иднина во Република Македонија, за да можеме да се поместиме од етнички национализам до граѓански национализам.

„Емпириското истражување беше спроведено во осум училишта низ Македонија, некои двојазични, некои еднојазични, и на крај, завршивме со четири групи кои постојано ги споредувавме, а тоа се Албанци и Македонци на возраст од 10 и 14 години. Резултатите кои ги добивме покажуваат дека учениците Македонци од двете возрасни групи, не прават важна разлика помеѓу националниот, етничкиот и религискиот идентитет, а од друга страна, учениците Албанци, од двете возрасни групи, најмала важност му припишуваат на националниот идентитет“, додаде Петроска-Бешка.

Според податоците од истражувањето, на прашањето до повозрасните ученици – за тоа како ја доживуваат Македонија, етничките Македонци ја прикажуваат преку историјата и ја глорифицираат, за разлика од Албанците кои одговараат дека историјата на Македонија е неоправдано насочување кон минатото. Македонците ја доживуваат Македонија како демократска и независна, а за Албанците – Македонија е мултиетничка. Според податоците од истражувањето, Македонците ја доживуваат Македонија како своја татковина, а Албанците од учебниците не научуваат дека Македонија е и нивна татковина.

Професорката Мирјана Најчевска, изјави дека со анализата на учебниците и на одговорите на учениците низ истражувањето,  се директно може да се поврзе со учебниците. Според неа, тоа е позитивен елемент што дава  надеж дека со промени во учебниците, ќе се изврши влијание врз следните генерации ученици.

„Според она што можевме да го видиме и за да одговориме на прашањето зошто учениците мислат вака како што мислат, побаравме одговор што е напишано и што не е напишано во учебниците. Отидовме со барање на специфичните елементи, кои што се поврзани со етничкиот и граѓанскиот национализам, значи, во случајов, не баравме некои пошироки историски елементи, туку на многу спецификувано барање на конкретните елементи коишто се поврзани со искажување на граѓанството“, заклучи Најчевска.

Ангела Петровска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Маја Ивановска

 

 

Tags: CHRCRАлбанциМакедонциНајчевскаобразованиеПетровска - Бешка
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ