• Latest

Лесно е да се отстранат диви тезги, тешко е да се отстранат дивите тераси…

June 27, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лесно е да се отстранат диви тезги, тешко е да се отстранат дивите тераси…

June 27, 2018 12:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Градот Скопје реши да им стави крај на нелегалните продавачи. Вчера на улицата „Брадфордска“ во Козле, кај мостот „Влајко“ во Влае и на булеварот „Трета македонска бригада“ во Аеродром, беа запленети над 10 тони стока, која по направените записници од пазарната инспекција беше однесена во Агенцијата за управување со одземен имот. Градот Скопје изрече вкупно 8 казни на нелегалните продавачи по основ прекршување на Законот за јавна хигиена.

Лесно е да се отстранат дивите продавачи кои цел ден работат на нива за потоа да може да продадат некоја лубеница и да им однесат леб на децата, меѓутоа на градските власти некако тешко им оди со отстранување на дивопоставените споменици, објекти, или терасите на угостителските објекти.

Лесно се справуваат со сиромашниот народ, односно му го одземаат и тоа што го има за преживување, додека моќниците не се чепкаат. Досега не видовме некоја конкретна акција или проект на Градот Скопје со кои би им се овозможил подобар и подостоен живот на скопјани. Видовме дека се оградуваат и од плаќање на штети на граѓаните, по невремето во Скопје.

Единствена добивка имаат „боемите“ кои ако се напијат во кафеана ќе добиваат ваучери за такси превоз. Додека оние граѓани што пијат домашна ракија додека на сонце продаваат лубеници, марули, коприви…, „на црно“, на некое место низ Скопје, наместо ваучери, ќе добиваат казни.

Од Градот Скопје додаваат дека од идната сезона ќе се залагаат за соработка со општините со цел регулирање на начинот на сезонската продажба на ваквата стока.

Ама од следната сезона! Оваа сезона нелегалните продавачи ќе останат без стока и до следаната година ќе мора да си ги плаќаат казните, ако имаат со што да ги платат.

Борбата со нелегалните тезги се одвива и на Бит-пазар, меѓутоа колку успешно се спроведува таа мерка, доволно е да се прошета низ Бит-пазар, особено после пладне, и ќе се види дека тоа не функционира така како што замислиле градските власти.

Дали со одземање на стоката и со пишување казни ќе се спречи нелегалната продажба и ќе се подигне животниот стандард на граѓан(к)ите? Дали градот ќе биде многу почист по отстранувањето на нелегалните продавачи? И на крај, од што ќе живеат тие луѓе на кои им е одземена стоката?

Ќе се охрабри ли власта и конечно да се позанимава со вистинските криминали во државата или ќе продолжи да спроведува селективна правда само онаму каде што се најслабите и најранливите?

Дехран Муратов

Tags: Бит-ПазарГрад Скопједиви тезгилубеници
Share27TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ