• Latest

Објавен оглас за распределба на 53 социјални станови

July 6, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Објавен оглас за распределба на 53 социјални станови

July 6, 2018 12:17
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за распределба на 53 станови за социјално најранливи категории граѓани, од кои 43 стана во Кочани и 10 во Македонски брод.

На огласот, што е отворен до 6 август, се распределуваат станови со површина од 35 до 45 метри квадратни,  изградени преку Програма за изградба и одржување станови во сопственост  на државата.

За становите ќе можат да аплицираат седум социјално ранливи категории граѓани, како што се деца без родители или родителска грижа над 18 години кои дотогаш биле згрижени во институции и други облици за згрижување по тој основ и корисници на социјална или постојана парична помош и лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни  (примарни) живеалишта. Дел од тие категории се и инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица, припадници на Ромската заедница социјално загрозени, самохрани родители со малолетни деца и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош

– Социјалните станови ќе се распределуваат во транспаретна постапка преку електронска распределба согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање социјален стан под закуп. Предност при добивањето на стан ќе имаат децата без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, рече на прес-конференција министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Лицата кои ќе аплицираат треба да бидат државјани на Македонија, со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и да не поседуваат стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на државава.

Потребната документација се поднесува во меѓуопштинските центри за социјална работа во општините за каде се однесува огласот, а службениците од тие институции се обврзани да помогнат при комплетирањето на документите на лицата кои не се во можност да го направат тоа.

Како што укажа Сугарески, подносителот на барање за добивање социјален стан може да поднесе документација и да аплицира само за една од седумте категории корисници. Доколку лицето или некој од членовите на неговото заедничко домаќинство аплицира во повеќе од една од категориите на корисници, сите поднесени обрасци ќе бидат отфрлени.

Со Програмата за изградба и одржување станови во сопственост  на РМ годинава треба да бидат завршени 41 стан во Струмица и 70 во Гостивар. За нив се завршени 90 проценти од предвидените работи.

Воедно, во Скопје е во тек постапка за издавање одобрение за градење за 312 станови, се подготвува јавна  набавка за избор на компанија за изградба на 48 станови во Пробиштип, за 62 стана во Неготино се врши проектирање, и се дополнува проектната документација за 34 станови во Пехчево, за 54 во Свети Николе и за 39 во Виница.

Во тек на 2019 и 2020 година се планира изградба на 355 социјални станови во Скопје, Гевгелија, Куманово, Дебар, Велес и Тетово.

Преку Програмата досега се изградени 731 стан во 15 општини. (MИА)

Tags: 53 социјални становиминистерот за транспорт и врски Горан СугарескиОгласраспределба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ