• Latest

Од договорените 27 милиони килограми тутун, неизвесно дали ќе се испорачаат 20

July 17, 2018

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Од договорените 27 милиони килограми тутун, неизвесно дали ќе се испорачаат 20

July 17, 2018 11:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Тутунарите не ја делат оценката со Стопанската комора на Македонија дека откупната цена на тутунот годинава ќе биде пониска, но се согласни оти неповолните временски услови се одразија врз квантитетот поради што е неизвесно дали ќе се испорачаат договорените 27 милиони килограми, колку што бараат откупувачите.

– Не верувам дека ќе има пониска откупна цена зашто сега се берат долните берби. Лани и тие не беа со добар квалитет. Очекуваме во наредниот период временските прилики да бидат поволни и да добиеме квалитет како лани. Од друга страна, точно е дека количините се намалени. Фирмите бараат околу 27 милиони килограми тутун, количини за кои склучивме и договори, но по невремето, прашање е дали ќе има максимум 20 милиони килограми, вели за МИА претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија Кире Неделковски.

Неделковски информира дека при склучување на договорите производителите повеќе пати имале средби со откупувачите на кои ги искажале барањата за покачување на цената по класи за 20 отсто, како и за намалување на разликата во класите при проценката на квалитетот.

– Моментно разликата меѓу втора и трета класа е многу голема. Бараме цената за прва класа да се зголеми за 10 отсто, а за трета 30 отсто зашто поголем дел од тутунот оди во втора класа, објаснува Неделковски.

Тој смета дека интересот за тутунопроизводството во Македонија се враќа, посебно по зголемувањето на субвенциите кои за прва класа изнесуваат 80 денари, за втора 70, а за трета, четврта и за подолните класи се 60 денари.

За реколтата 2018 се склучени 34.105 договори, издадени се 23.432 евиденти листови, а се пријавени 14.669 хектари и производство од 28 милиони килограми.

Лани, пак, се склучија 29.354 договори, беа издадени 23.373 евидентни листови, беа засадени 14.415 хектари тутун, се пријавија 26.630 килограми тутун, но се откупија 23.500 килограми по просечна цена од 217,70 денари за килограм.

Стопанската комора на Македонија вчера излезе со оценка дека поради неповолните временски услови кои ги намалија количините и квалитетот на тутунот, се очекува пониска откупна цена и проценка во пониски класи. (МИА)

Tags: Кире НеделковскиСтопанска комора на Македонијатутун
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ