Општина Велес ќе биде домаќин на регионалниот форум „Процесот на децентрализација во Македонија“ што ќе се одржи утре, 19 јули во големата општинска сала со почеток во 10:30 часот.
Во рамки на форумот ќе бидат презентирани клучните заклучоци и препораки од истражувањата спроведени од ФорумЦСИД, ЦЕА и ИРЗ кои се однесуваат на политиките за рамномерен регионален развој и успешноста на ЕЛС во испорака на нивните законски надлежности и услуги кои ги вршат; (де)централизираниот развој на граѓанското општество во Македонија; местото и улогата на општинските комисии за односи меѓу заедниците, потенцијалите за ревитализација на месната самоуправа.
Работни јазици на конференцијата ќе бидат македонски и албански.
Форумот е организиран од Форум – Центар за стратешки истражувања и документација – Скопје, Центар за економски анализи – Скопје и Институт за развој на заедниците – Тетово во соработка со програмата Цивика мобилитас.
МЛ