• Latest

Мицотакис: Случајот со руските дипломати да не се поврзува со протестите против Договорот од Преспа

July 20, 2018

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицотакис: Случајот со руските дипломати да не се поврзува со протестите против Договорот од Преспа

July 20, 2018 10:59
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Посакувам, некои да не користат едно прашање од надворешната политика за внатрешно политичка употреба. Бидејќи гледам дека постои обид за поврзување на случајот со руските дипломати, со според нашето мислење, оправданите реакции што постојат кај мнозинството од грчкото општество за прашањата од Договорот од Преспа, рече претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис на прес конференција на Крит, одговрајќи на прашање поврзано со последните случувања во грчко – руските односи.

Мицотакис рече дека опозициската партија немала никакво официјално известување од владата за конкретното прашање, но според она што е познато, „ако навистина постоела интервенција во внатрешните прашања на земјата, тогаш Грција треба да реагира ефективно и одлучно“, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис

Лидерот на Нова демократија, сепак, не ги прифаќа тврдењата дека Грците кои протестираа против Договорот од Преспа биле мотивирани од трети фактори.

– Да не ги мешаме двете прашања. Очигледно, грчкото општество не реагира за Договорот, бидејќи е поттикнато од некој. Реагира за Договорот бидејќи е лош Договор, бидејќи Ципрас и Коѕијас им ги отстапија македонска националност и македонски јазик на соседната земја, која слави за тоа и според тоа, можам целосно да разберам зошто големото мнозинство на грчкото општество е против овој договор, рече Мицотакис.

Во однос на решението меѓу Македонија и Грција, лидерот на Нова демократија уште еднаш го повтори ставот на неговата партија дека не се согласуваат со Договорот и нема да гласаат за ратификација во парламентот.

Воедно, избегна да коментира „што би можело и што не би можело да се случи на референдумот“ кај нас.

– Само ќе кажам дека Заев, систематски го користи името Република Македонија за да ја одреди земјата што ја претставува и многу инвестира во прашањата за македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската националност, потврдувајќи ја на овој начин нашата сериозна резервираност. За прв пат, грчката Влада на соседната земја ѝ отстапи јазик и националност, а во исто време ѝ даде зелено светло за интеграција во НАТО, рече Мицотакис на прес конференцијата, за време на неговата посета на грчкиот остров Крит. (МИА)

Tags: ГрцијаДоговор од ПреспаМакедонијаПреговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ