„Задоволство ми е да сум тука денеска со Вас. Сè уште сум претседател на младината на СДСМ. И најмладиот градоначалник, на скопската општина Карпош, што е голем предизвик… По 11 години деликатна состојба конечно сме назад на патот кон ЕУ. Очекувам дека ќе развиеме сериозна мрежа со општини од ЕУ. Очекувам дека младите ќе имаат шанса да ги почувстуваат бенефитите… Можноста да започнат бизнис на локално ниво, и да останат тука…
Ако зборуваме за перспективите, најголемата работа што треба да се смени е однесувањето и менталитетот на македонскиот народ. Оваа промена требаше да започне вчера, не е доцна да започне денес, но е предоцна да се остави за утре.
Атмосферата во земјата ќе ја ослободи младината од национализмот и од затвореноста на општеството. Младите направија сериозни промени во општеството во Македонија…
Како младина сакаме да одиме напред кон НАТО и ЕУ! Договорот со Грција ни дава надеж дека младите може да останат во својата земја – Македонија, и да започнат бизнис тука, а не само да заминуваат во странство…
Секој од нас треба да ја преземе одговорноста!,“ поентираше во своето излагање на настанот, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.
М. Ивановска