• Latest

72 капитални проекти за подобри услови за живот во општините

July 29, 2018

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија ја доби првата дигитална министерка Диела; Тензии на првата седница на албанското собрание; Шпионажата ја поткопува националната безбедност на Косово

September 12, 2025
Скриншот од видео кое наводно ги прикажува последиците од украинскиот напад со дронови врз Смоленск, Русија, на 12 септември 2025 година објавено на Ексиленова / Телеграм

Дронови ги таргетираат Москва и руските нафтени постројки во голем украински напад

September 12, 2025

Повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи трае уште три дена

September 12, 2025

ИНРМ: ЕВН е должна по автоматизам да врши корекција на паушалните сметки

September 12, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Собранието ќе ја одржи 68. седница, на дневен ред и Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори

September 12, 2025
Фото: Мета

Скопје утрово во магла и високо загаден воздух со ПМ честички

September 12, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

ДЗС: Се уште има чадење од Дрисла, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната

September 12, 2025
Фото: веб страна на НАТО

НАТО ја зајакнува одбраната откако руските дронови беа соборени над Полска

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео ВВС

(ВИДЕО) Објавена снимка како осомничениот за убиството на Чарли Кирк бега од местото на настанот, потрагата продолжува

September 12, 2025
Жаир Болсонаро, Бразил (Wikimedia Commons)

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро осуден на 27 години затвор за заговор за државен удар

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

72 капитални проекти за подобри услови за живот во општините

July 29, 2018 11:25
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Градинка, јавни објекти, водоводна мрежа, локални патишта – се дел од капиталните инвестиции реализирани изминатата година, преку Проектот за подобрување на општински услуги што го реализира Министерството за финансии. Согласно податоците на проектната единица во Министерството, од јуни 2017 до јуни 2018 година, реализирани се 72 капитални проекти во 41 општина, само преку овој проект.

Проектот за подобрување на општинските услуги или МСИП, има за цел да ги подобри условите за живот во сите македонски општини, преку капитални проекти за водоснабдување, канализација и одведување на отпадни води, енергетска ефикасност, локална патна инфраструктура, комунални услуги, изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриските зони…

– Измината година, илјадници граѓани во Македонија добија подобри услуги од својата општина. Тоа се десетици километри нови или реконструирани локални улици, изградена или реконструирана водводна мрежа, реконструирано речно корито, градинка, културен дом, општинска зграда… Децата од Зрновци добија градинка, граѓаните во Чешиново Облешево, Гази Баба, Пласница и Сливница водоводна мрежа, а граѓаните во повеќе општини имаат подобри локални улици и патишта. Ова се реални проекти, со реални вредости за граѓаните, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.

Проектот е поддржан од Светска банка со вкупен фонд од 81,1 милион евра и ИПА грант средства за рурален развој од ЕУ во износ од 14,6 милиони евра.

 

– Подобри услуги кон локалното население е задача на локалните власти во Република Македонија. Водоснабдување, комунални услуги, училишни згради – општините придонесуваат за економскиот развој на целата земја. Светска банка пружа поддршка на локалните власти од 2009 година, преку Проектот за подобрување на општинските услуги, кој ги поддржува потребите на општините за инвестирање во капитални проекти, рече Марко Мантованели директор на Светска банка за Македонија.

Програмата, како што посочи тој, дава резултати не само во обезбедување на средства за финансирање на капиталните инвестиции и подобрување на локалната инфраструктура, туку и во градењето на локалните капацитети.

Според Мантованели општините треба да станат способни да се развиваат сами, да привлекуваат инвестиции и да креираат работни места преку реализација на локалните општински услуги.

 

– Влезот во ЕУ е задача за сите – за Владата, но и за граѓаните и општините. Општините имаат потреба од финансиски извори и инфраструктура. Со оваа Програма ЕУ дава голема поддршка, на 78 од 81 општина, со основна инфраструктура од водоснабдување до третман на отпад, од школи до улици, од рурални патишта до културни центри. Сето ова се придобивки за руралното население и за младите луѓе да останат таму, истакна Никола Бертолини, раководител на сектор за соработка на Делегација на ЕУ во Македонија.

Во следните шест месеци во рамки на овој проект ќе започне реализација на 27 нови капитални инвестиции во 22 општини. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ