• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија ја доби првата дигитална министерка Диела; Тензии на првата седница на албанското собрание; Шпионажата ја поткопува националната безбедност на Косово

September 12, 2025

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија ја доби првата дигитална министерка Диела; Тензии на првата седница на албанското собрание; Шпионажата ја поткопува националната безбедност на Косово

September 12, 2025 12:06
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанија ја доби првата дигитална министерка, Диела, со посебен мандат и структура прилагодена на предизвиците на дигиталното доба. Таа ќе го предводи министерството за јавни набавки, пишуваат албанските медиуми.

Секаков вид шпионажа против Косово е опасен и директно ја нарушува националната безбедност. оценуваат безбедносните експерти во Косово. Според нив, дури и комуникацијата со луѓе блиски до луѓе кои се прогласени за терористи од страна на Косово претставува ризик за земјата, пишуаат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Блиц: Диела, првата  дигитална министерка во албанската влада

Во иновативен и неочекуван чекор за албанската јавна администрација, албанскиот премиер  Еди Рама ја претстави најновата министерка во кабинетот – Диела, првиот виртуелен член на владата.

Со посебен мандат и структура прилагодена на предизвиците на дигиталното доба, Диела ќе го преземе водството на јавните набавки во четвртиот мандат на владата.

„Новата министерка, Диела, со дигитален печат што им го даде на дигиталните граѓани овие години. Диела, првиот член кој не е физички присутен, туку е создаден виртуелно, ќе има адаптирана структура и посебен мандат да ги сруши пречките, бариерите и ограничувањата на администрацијата“, рече Рама за време на својот говор, пренесе Газета Блиц.

Албеу: Албанското собранието започна со тензии, Сали Бериша на говорница  опколен од Гардата

Првата собраниската седница денеска започна со тензии и дебати меѓу пратениците од опозицијата и мнозинството.

Тензиите започнаа откако лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, се качи на собраниската говорница за да одржи говор, пренесе Албеу.

КОСОВО

ЗНК со реакција на нападите  врз новинари и медиуми од страна на косовската претседателка Османи: Отворена јавна уцена, неприфатлив и опасен јазик

По апсењето и притворањето на снимателот Јетмир Муји, претседателот Вјоса Османи започна неприфатлив напад врз новинарите и медиумите, вели Здружението на новинари на Косово.

Во долга објава на Фејсбук, претседателката  реагираше „на тековниот, незаконски и опасен прогон што одредени медиуми го вршат врз моите малолетни ќерки“.

„Ќерките на претседателот Османи се јавни личности. Известувањето за нивното образование, без разлика дали е во јавно или приватно училиште, е во јавен интерес, а не во прогон. Јазикот и нападите на претседателот Османи врз новинарите и медиумите се неприфатливи и опасни.“

Косовската претседателка Вјоса Османи даде остри изјави, велејќи дека неколку новинари се соработници на Милан Радоичиќ, според безбедносните институции. Без да споменува имиња, таа нагласи дека истрагите се уште се во тек и дека не сака да се меша, иако „се радува на моментот“ кога имињата ќе можат да бидат објавени, пренесе Перископи.

Газета експрес: Шпионажата ја поткопува националната безбедност на Косово

Секаков вид шпионажа против Косово е опасен и директно ја нарушува националната безбедност. Ова е она што го оценуваат безбедносните експерти во земјата. Според нив, дури и комуникацијата со луѓе блиски до луѓе кои се прогласени за терористи од страна на Косово претставува ризик за земјата.

Во меѓувреме медиумите објавија  дека сватот на терористот Милан Радоичиќ, Сеат Реџепагиќ, имал блиски односи со осомничената шпионка Јелена Ѓукановиќ, пренесе Газета експрес.

Во врска со ова, безбедносниот експерт Арбен Дашевци вели дека секое лице кое соработува со луѓе кои се прогласени за терористи од страна на Владата на Косово ја загрозува националната безбедност на земјата.

„Секаков вид шпионажа против Република Косово е опасен, бидејќи дефинитивно и директно ја нарушува националната безбедност на Република Косово. Секое лице или поединец кој контактира со тие луѓе кои се прогласени за терористи од страна на Владата на Косово од страна на безбедносните органи кои се на црвената листа на Интерпол и кои имале деструктивен пристап кон Косово што директно ја нарушил националната безбедност на Косово и секое лице кое соработува со нив и споделува какви било информации на штета на Косово и тие се сметаат за многу опасни“, нагласи тој.

КОЛУМНА

Коха: „На галењето од Брисел, Вучиќ одговара со навреди од маса во кафеана“

И покрај растечката репресија и лизгањето во авторитаризам, режимот на Вучиќ не се соочи со никакви цврсти критики од ЕУ и влијателните држави. Во март, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, го пречекаа Вучиќ во Брисел на неформална вечера. Критиките беа многу благи, претежно благи апели, а за критичката јавност и демонстрантите во Србија ова беше порака дека Брисел не се откажал од Вучиќ. Напротив.

Францускиот претседател Емануел Макрон, особено, беше доста активен во одбраната на Вучиќ. Кон крајот на март, неколку дена по големиот опозициски протест во Белград со околу 300.000 учесници, двајцата претседатели имаа телефонски разговор.

На почетокот на април, Макрон го пречека Вучиќ во Париз со високи воени почести, додека српскиот претседател донесе вино и чаши како подарок. Пред посетата, Вучиќ изјави: „За два или три дена ќе бидам со претседателот Макрон во Елисејската палата. Нека се нервираат малку оние што ја мразат Србија. Благодарност до претседателот Емануел Макрон што сака стратешки да разговараме за работи што се важни за Србија.

Србија треба да добие 1,5 милијарди евра финансиска поддршка од Европската Унија помеѓу 2024 и 2027 година. Во исто време, претседателот Александар Вучиќ ја интензивира својата антизападна реторика.

Српскиот автократ ги нарече некои европските зелени политичари кои ги поддржуваат протестите во Србија „европски олош  што дојдоа да ја уништат нашата земја“. Доколку протестите во Србија продолжат (а сè укажува дека ќе продолжат), моментот на вистината наскоро би можел да дојде и за ЕУ: со или против сè побруталната автократија.“, пишува Авторот Енвер Робели, во колумната „„На галењето од Брисел, Вучиќ одговара со навреди од маса во кафеана“, објавена во косовскиот дневен весник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ