• Latest

ЦИВИЛ објави повик за набљудувачи на референдумот

September 3, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ објави повик за набљудувачи на референдумот

September 3, 2018 15:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ги интензивира своите активности за спроведување независен и сеопфатен мониторинг на референдумскиот процес. Организацијата ги повикува сите членови и поддржувачи, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани на Република Македонија, да аплицираат за краткорочни или долгорочни набљудувачи.

Сите заинтересирани се повикани да аплицираат најдоцна до среда, 12 септември, до 20 часот. Кандидат(к)ите што веќе се селектирани, ќе добијат одговор до недела, 9 септември, 20 часот, а останатите ќе бидат информирани до петок, 14 септември, најдоцна до 20 часот.

За ангажманот на набљудувачите, ЦИВИЛ оваа година успеа да обезбеди хонорари, кои се движат од 1.400 до околу 4.000 денари за краткорочните набљудувачи, додека долгорочните набљудувачи ќе бидат добијат хонорари од 12.000 до 20.000 денари, зависно од позициите и интензитетот на работните обврски.

Воедно, граѓанските новинарки и новинари имаат шанса да бидат наградени со еден од десетте вредносни ваучери со вредност од 1.550 до 5.700 денари.

Аплицирањето може да се направи по пат електронски пат, на онлајн формуларот ТУКА или по мејл: civil@civil.org.mk со испраќање кратка биографија (до една страница) во која ќе се наведат контакти и број на лична карта (не матичен, туку број на лична карта). Задолжителна е назнаката: ЦИВИЛ – мониторинг. Кандидат(к)ите можат да аплицираат на било кој јазик што се говори во Република Македонија.

За сите кандидат(к)и е важно да знаат дека мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност и посветеност. Секој набљудувач ќе има обврска да опфати најмалку пет избирачки места во текот на референдумскиот ден.

Долгорочните набљудувачи ќе добијат насоки за работа да започнат со својата работа веќе на 10 септември, завршно со 5 октомври, додека краткорочните набљудувачи ќе бидат задолжени да бидат активни во текот на 48-часовниот молк, на денот на референдумот и денот потоа. Во меѓувреме, набљудувачите што се веќе на теренот, ќе ги интензивираат своите активности.

Предност имаат кандидат(к)ите што пополниле Изјава за поддршка на ЦИВИЛ, односно се согласни со Кодексот на ЦИВИЛ и други програмски определби на организацијата.

Воедно, набљудувачите ќе бидат обврзани да го потпишат и Кодексот на набљудувачите на ЦИВИЛ и да посетат еднодневни обуки што ќе бидат организирани во текот на втората и третата недела на септември.

Кандидатите што нема да бидат селектирани за долгорочно набљудување, ќе имаат можност да бидат во мрежата на краткорочни набљудувачи.


ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО МОНИТОРИНГОТ НА ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Tags: апликацијамониторингпријавареферендумЦивил
Share124Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result