На 11 септември во ЕУ – Инфо Центарот со почеток од 11 часот, ќе се одржи панел дискусија во која ќе се разговара за ромскиот активизам и општествените потреби чија цел е да го актуелизира прашањето на заедницата во пресрет на отпочнувањето на преговирите на Република Македонија и престојниот Референдум. И втората цел, можноста за само организирање на ромската заедница за подобра иднина како и за притисоците на другите не-роми во забавување на општествените потреби на ромите во Македонија.
Ова е прва панел дискусија од серија дебати кои ќе следат во наредниот период кои претставуваат основа за подигнување на свеста и превземање на мерки за вклучување на ромската заедница во преговорите за европска интеграција и поголема одговорност на самите институции, а притоа повикувајќи се на препораките за напредокот на Македонија во делот на ромска тематика.
Воедно ќе се дискутира за општествените промени на ромската заедница, капацитетот на носителите на јавните политики за Роми како и за младинската партиципација како процес за креирање на нова сила која ќе се справи со сите спреги за општествена интегарација.
Панелисти ќе бидат Васка Б Мустафа – Заменик правобранител, Мевлјудин Ибиши,професор на Балкански унирвезитет и Срџан Амет, правник и ромски активит.
Панел дискусијата ја организира ромскиот интернет портал 24 вакти и ЕМЦ 24 ВАКТИ.
Д. М.