• Latest

Затворската казна за напаѓачот на новинарите на А1он е порака до идните напаѓачи

September 8, 2018

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Затворската казна за напаѓачот на новинарите на А1он е порака до идните напаѓачи

September 8, 2018 14:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основен суд Скопје 1, со која напаѓачот на новинарската екипа на А1он, лани на протестите на движењето „За заедничка Македонија“, Матија Каников, го осуди со шест месеци затвор.

„Оваа пресуда на судијата Марија Клетничка-Марковска од Кривичниот суд е прва со која напаѓач на новинар е осуден на затворска казна и со тоа ја прекинува политиката на неказнивост за напади на новинари. Пресудата праќа јасна порака дека системот нема да толерира насилство врз новинарите и дека секој што ќе нападне во иднина ќе биде брзо откриен и изведен пред лицето на правдата“, се вели во соопштението од ЗНМ.

Пресудата, како што се наведува, ќе влијае позитивно и на зголемување на безбедноста на новинарите, која е основен предуслов за да можат тие слободно и без страв да ја вршат нивната новинарска професија во интерес на граѓаните.

„Со тоа системот покажува дека ги штити основните човекови права и слободи, како што е слободата на говорот. Ваквата пресуда претставува и добар пример што треба да ја следат и другите судии, поефикасно да ги решат другите предмети за напади на новинари“, стои во соопштението.

ЗНМ го охрабрува Основното јавно обвинителство да ги забрзаат истрагите за сите напади на новинари со цел насилниците да се изведат пред лицето на правдата.

Д.М.

Tags: А1онзатворска казнаЗНМ
Share44TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ