• Latest
Црта: Игор Стевковски

Профитери

September 11, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ВЕКТОР

Профитери

September 11, 2018 13:18
in ВЕКТОР, СЛОБОДНА ЗОНА
Црта: Игор Стевковски

Црта: Игор Стевковски

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќето луѓе добро ја разбираат политиката. Со секој нечесен чекор што го прават политичарите, довербата се топи и револтот расте. Можеби политичката култура не е на високо ниво, но доволно е развиена за да се согледаат вистинските потреби и вредноста на стратешките интереси на општеството и државата.

Џабир Дерала

ВМРО-ДПМНЕ ќе легне на брашното, но само навидум. Ќе го поддржи референдумот, се разбира, на пола уста. Си скокна во уста Мицкоски, ама само со едната нога, за да не испадне дека потполно капитулирал под притисок на домашната и светската демократска јавност, но и под притисокот на демократите во партијата во која тој служи како декорација од лидер.

Партијата е разединета до таа мерка што, без оглед на официјалниот став што ќе го заземе оваа дискредитирана партија, нема да има посебен ефект врз одлуката на нејзините членови. И онака голем дел од нив ќе гласаат на референдумот, многумина и ЗА, а оние што решиле да бојкотираат, повторно нема да им значат многу изјавите за јавноста. Тие ќе следат инструкции од оние што ги плаќаат или успеале да ги убедат бесплатно да работат против сопствената земја.

Многу е веројатно и тоа дека верните поддржувачи на Фамилијата чиј гласноговорник е Мицкоски, ќе добијат поинакви насоки за гласање на 30 септември, можеби и сосема спротивни на јавната декларација. „Остајте што зборам пред странците, морав така, терајте по старо“ е пораката што се дистрибуираше преку послушната партиска пешадија и порано, кога требаше да се донесат важни одлуки во земјата. Не е исклучено тоа да биде случај и сега, во пресрет на референдумот што со право се споредува со оној од 1991 година, кога Македонија стана самостојна држава.

Овој пат, речиси на време, се јави и МАНУ, мастодонтска институција што одбира да молчи во пресудни периоди за општеството и државата, божем независна институција што тивко соработуваше со криминалниот режим на Фамилијата и удобно ги цицаше големите привилегии што ги ужива, практично, од секоја власт. Добро, не беше секогаш молчалива, па во 2001 година предлагаше размена на територии и население со Албанија. Се „прослави“ и со скапиот проект „Македонска енциклопедија“ во 2009 година што мораше да ја повлече од продажба и од јавноста, поради тешките политички и научни трансгресии во неа. Сега се на „страната на референдумот“. Опортунизмот на оваа структура нема граници.

Медиуми, интелектуалци, политички партии, пратеници, невладини организации што со години молчеа или отворено соучествуваа со автократијата и криминалот на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, сега се во големото проевропско јато. Не сите разбираат на кој начин Спогодбата со Грција е клучот за напредокот на Македонија, според која не само што излегуваме на брзата лента кон НАТО и ЕУ, туку се решаваат и идентитетските прашања. Ним тоа не им е ни важно. Но, разбираат или насетуваат дека тоа е определба што ќе им донесе и лични, политички и кариерни придобивки. И тоа е в ред. Нема да биде в ред ако добијат аплауз и се исценкаат за нови позиции во структурите на моќта. На сметка на сите граѓанки и граѓани…

Да завршам со ВМРО-ДПМНЕ и #МицкоТакис. Нема зошто да им аплаудираме за одлуката да го поддржат референдумот. Што и да направат сега, во фото финишот пред големата одлука, нема да ја поправат штетата што ја нанесоа до сега. Покажаа дека се крајно лицемерни. Предат како мачиња и коленичат зад затворени врати, а надвор сакаат да глумат лавови. Не оди таа работа. Гледаат луѓето.

Бојкотирачите, тие гротескни губитници, го губат своето тло. Слушам дека политичките спонзори го намалиле протокот на пари и дека не успеваат да соберат пари од алтернативни извори­­­­­­­, бидејќи на госпожата задолжена за прибирање фондови слабо ѝ оди. Ќе мора да работат бесплатно во деновите до референдумот. Или да го следат примерот на профитерите. Тоа е.


Илустрација во прилог на текстот: Игор Стевковски
Објавено и во Плусинфо и Слободен печат
Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста
Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕМАНУопортунизампрофитериреферендум
Share56Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ