• Latest

Чилиманов повика на силување на странска новинарка, МАН го брани

October 5, 2018

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Чилиманов повика на силување на странска новинарка, МАН го брани

October 5, 2018 11:32
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската асоцијација на новинари (МАН) го осудува директорот на МИА, Антоновски, поради суспензијата на нивниот потпретседател Чилиманов. Според оваа организација, тој има право приватно да се изјаснува како сака, односно – не е проблем да повикува на силување на колешка, странска новинарка.

Петрит Сарачини

За оние кои не разбраа за случката, еве една мала „рекапитулација“… За време на референдумското изјаснување минатата недела, новинарката на Фајненшл Тајмс, Валери Хопкинс, престојувајќи во Скопје, имала разговор со таксист, кој ѝ рекол дека сите соседни земји и цел свет да ти биле против Македонија. Таа го сподели тој разговор на Твитер, што го предизвика Цветина да ги повика сите таксисти што го следат, ако случајно им влезе новинарката во такси, да ѝ го направат она што го направи фамозниот таксист Чичко Кумплунг на девојката на неговиот син во филмот „Самоуништување“. Следуваа бурни реакции од јавноста, не само од Македонија, а МИА го суспендираше Чилиманов, кој веќе неколку години работи во државната новинска агенција.

И, сега, ете го МАН со јавна осуда. Не на повикот на силување, туку на суспензијата.

Добро е за овој став на оваа организација да се информираат Меѓународната федерација на новинари, ЕФЈ, ИПИ, Репортери без граници, Article 19… па и комесарите на ОН и на ОБСЕ за слобода на изразување, кои го осудија токму тој став на Чилиманов.

Да ве потсетам, МАН делегира свои претставници и во Советот на Агенцијата за медиуми и во Советот на МРТ, со медиумските закони на Грујо. Ги плаќаме сите ние. Да ве потсетам, дека Чилиманов беше делегат на ВМРО во ад-хок медиумското тело за изборите во 2016та.

И на крај, да ве потсетам дека истиот овој Чилиманов повеќепати јавно поттикнуваше насилство. Кон мене лично, како што се гледа од приложеново, изразува жалење зошто закочил и не ме згазил со кола. Има насилнички коментари за Героски, а подолу на истава фотка има нешто да каже и за венецот кој му го носеа на врата на новинарот Борјан Јовановски неговите истомисленици.

Деклем, Цветин одамна ја ширеше својата слободољубива миризба, ја осеќавме само ние, ал деновиве таа излезе и се прошири глобално. Зато, да поновим, за ставот на МАН за осуда врз Антоновски и загрозувањето на правото на Цветин да повикува на силување треба да дознае цел светски новинарски еснаф. Греота е неговата слава и борба така брзо да паднат во заборав…

 

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

Share38TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ