• Latest

Пет години од протестите за слобода на Кежаровски

October 23, 2018
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пет години од протестите за слобода на Кежаровски

October 23, 2018 12:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пред точно пет години, стотици граѓан(к)и, новинари и граѓански активисти беа спречени од страна на полициски сили да одржат мирен протест пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност, поради казнувањето на новинарот Томислав Кежаровски.

Протестот беше и претходно најавен, но и покрај тоа демострантите беа спречени да се доближат до зградата на Музејот најпрво со поставени огради на сите приоди до него, а потоа, и физички, од специјалците, со пресретнување, оттурнување со штитовите и со извлечени пендреци.

„На денешен ден во 2013 година новинарите го кренаа гласот против одлуката на судот да ме осуди на 4.5 години затвор, а полицијата крена рака на нив. Овој ден треба и мора да остане забележан во историјата на нашата држава, не заради Томислав Кежаровски, туку заради насилното спречување да се одржи мирен протест. Во затвор беа професори, лекари, адвокати, бизнисмени, обвинители… но никој немаше никаква поддршка. Почитувани колеги, почитувани пријатели… Од срце Ви благодарам за сè она што сторивте за мене и за зачувувањето на дигнитетот на професијата. Ве сакам сите“, напиша Томислав Кежаровски на својот фејсбук профил денеска.

ЦИВИЛ тогаш поведе меѓународна кампања под називот КЛИКНИ ЗА СЛОБОДА, заедно со „Репортери без граници“ – Германија, N-ost – Мрежа за известување за Источна Европа и Балканската истражувачка репортерска мрежа. Во заедничка реакција, овие организации оценија дека апсењето на Кежаровски е замислено со цел да го заплаши него, но и сите останати медиуми. Беџеви со слоганот Je suis Kezharovski, „Слобода за Кежо“ и други слогани се носеа низ целата земја. Тој стана еден од симболите на македонското новинарско востание.

„Апсењето на новинар затоа што го остварува неговото уставно право да ја информира јавноста, не е само нелегално, туку и целосно некомпатибилно со европските стандарди“ и е „само уште една од серијата практики на власта со кои влијае на слободата на медиумите на еден крајно негативен начин“, порачаа тогаш четирите организации.

Минатата година Кежаровски ја промовираше својата книга „Живот во кутија“, на чија промоција беа присутни сите пријатели на Кежаровски. Книгата на Кежаровски е многу повеќе од сведоштва за хоророт на Кежаровски и на неговото семејство.

Оваа книга е сведоштво за едно време во кое се изгубија сите вредости на ова наше метастазирано општество, сведоштво за еден систем од кој мора да се отарасиме, што поскоро. За никогаш повеќе да не се повтори…

„Книгата ја напишав да испратам јасна порака до политичарите и до обичниот човек. Живеевме во осум квадрати, со месеци, четворица. Различни по образование, по националност, по возраст, по секој поглед различни. Но, тоа не ни даде повод да се расправаме меѓу себе. Ако ние можевме да живееме во осум квадрати, во Македонија има простор да живеат два милиони луѓе“, рече новинарот Томислав Кежаровски во емотивниот говор за време на промоцијата.

А. Петровска 

 

Tags: правдапроестиТомислав Кежаровски
Share37TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ