• Latest

Медумите треба да покажат дека навистина се јавно добро за граѓаните

November 6, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Медумите треба да покажат дека навистина се јавно добро за граѓаните

November 6, 2018 16:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Слободата на медиумите, слобода на изразувањето и саморегулацијата беше тема на денешната конференција што Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ја организираше во Битола.

„Само јавност која има критичка, а не манипулативна функција, ќе помогне да се оцени каква е слободата на изразување и ќе ја оцени професионалната работа на медиумите. Во спротивно, секогаш ќе постои опасноста од политичка контрола и наместо будна јавност ќе имаме контролирани институции и медиуми, кои го контролираат и јавното мислење“, рече извршната директорка на СЕММ, Марина Тунева при отворањето на настанот.

Според претседателката на СЕММ, Катерина Синадиновска, клучниот проблем во новинарството е неговата депрофесионализација. „Медиумите и фирмите што ‘глумат’ медиуми се наполнија со неквалитетен кадар, што ниту ги познава, ниту ги почитува новинарските стандарди, ниту, пак, ја живее новинарската мисија“, рече Синадиновска.

„Слободните медиуми им даваат моќ на луѓето. Велиме дека новинарството е јавно добро, ајде да го докажеме тоа. Да ги покажеме нашите заложби за заштита на демократијата и за правата на граѓаните. Најдобриот одговор на сомнежите на граѓаните во однос на новинарите е преку промовирање  на етичките насоки. Току затоа е потребна саморегулацијата“, истакна генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез, кој исто така се обрати на конференцијата.

Според Сефер Тахири, универзитетски професор, слободните медиуми служат на јавниот интерес, а не на интересот на властите, а тоа подразбира медиумите самите да ги избираат и одработуваат темите за кои известуваат, без притоа некој да им се меша во уредувачката политика.

„Слободните медиуми служат на граѓаните, а не на властите“, рече извршниот директор на Здружението на новинарите на Македонија, Драган Секуловски.

На денешниот настан, Советот за етика го промовираше и 16-то издание на конкурсот на Европската унија за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Градење доверба во несигурни времиња“, кој трае до 25 ноември. Повеќе детали за конкурсот се наоѓаат на следниот линк: http://semm.mk/novosti-4/calls/580-16 .

Print Friendly, PDF & Email
Tags: конференцијаСЕММслобода на медиуми
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result