• Latest

Летс џаст кис енд сеј гудбај!

November 8, 2018

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Летс џаст кис енд сеј гудбај!

November 8, 2018 11:48
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Недела, 04.11.2018. 21:12ч.

„Здраво Војо, како си? Објасни ми, што се случува таму? Збунет сум. Денес на интернет видов дека на протестот против еутаназија на бездомните кучиња во Скопје се собраа повеќе луѓе да го искажат сопствениот револт и имам чувство дека се побројни од оние што секојдневно протестираат во центарот на главниот град и се против договорот од Преспа, односно против промена на името на државата. Што се случува? Се зборуваше за неуспешен референдум… Денес веројатно над 1 500 луѓе во Скопје протестираа да не им се одземе животот на уличните кучиња, а не повеќе 50 луѓе секој ден протестираат за името да не се промени. Што се случува, објасни ми, ништо не разбирам. Вистина ли е ова?

Поздрав, Горан.“

Недела, 04.11.2018. 22.05ч.

„Вистина е, Горане.“

* * *

Горан ми е другар од средно, односно ми беше другар од средно. Не, не сме скарани, тој се пресели во Њујорк веднаш штом го завршивме средното образование тука во Скопје, во 1999 година и веќе никогаш не се врати назад. Во овие дваесет години откако тој е отсутен од Скопје се видовме само уште неколку пати: два пати во Њујорк, три пати во Париз и уште осум пати во Стокхолм. Сме се виделе само тринаесет пати. И толку.

Војо Цветановски

Го читав мејлот кој ми го испрати и се мислев што да му одговорам. Размислував. Не многу долго. И бидејќи не сакав да навлегувам во оваа тема со некој кој дваесет години не бил тука, затоа и кратко му одговорив: „Вистина е, Горане“. Но, и навистина немав некој поопширен одговор. Така е, како што е. Тоа е фактичката состојба во Скопје, денес. Колку и да му пишувам на некој кој дваесет години не е тука имам чувство дека бадијала пишувам. А, и се воздржав било што да напишам за да не навредам некого, односно да не ги навредам оние на кои им е болна тема договорот од Преспа. Можеби тој има такви околу себе па сака да ме наведе во таа насока и да се испокараме сега после години и години другарство. По краткиот одговор, веднаш напишав и подолг мејл, во кој му пишав за нашите средби во овие навистина прекрасни европски и светски центри. Тој ми врати некаде околу 23:35ч. истата вечер.

„Батали Париз, Стокхолм, пиши ми што се случува во Скопје, денес?“

Инаку Горан е многу успешен во сопствениот бизнис, во Америка, и нормално, нема намера да се врати тука, како и секој друг нормален жител на оваа земја што заминал одовде засекогаш. Има своја компанија која изработува дизајни за најразлични потрошувачи. Има над стотина клиенти. Тој е пример за тоа како треба да се однесува еден професионалец, барем според моите параметри за професионализам. Има околу десетина вработени и е максимално коректен со нив, што во превод значи дека мисли за единаесет семејства, се разбира, вклучувајќи го тука и неговото. Некаде околу 23:40ч. му вратив многу кратко на неговиот втор мејл. И додека чекав да ми се отвори мејлот, имам стар компјутер, кој бавно отвора страници, се зачудив зошто одеднаш му текна на Горан да ми пишува за состојбата во Македонија кога тој веќе практично е Американец. Сè што треба да го интересира е како да преживее таму, тоа гајле да го бере.

ОК, разбирам дека го интересира животот и тука, што е сосем нормално, тукашен е човекот, роден е во Скопје, но, никогаш претходно не бил толку интензивен со вакви прашања. И повторно, кратко му вратив:

„Зошто замина одовде засекогаш?“ и ставив смајли на крајот.

Нешто пред полноќ ми враќа:

„ВОЈО, НЕ Е ТОА ТЕМАТА. НЕ Е ТЕМАТА ЗОШТО ЈАС СУМ ЗАМИНАЛ ОД ТАМУ ЗАСЕКОГАШ. СФАЌАШ ЛИ!!!???“

Ми врати со големи букви. Дури и ме праша дали сфаќам на крајот од реченица, која, патем завршуваше со три извичника и три прашалника. Извичниците предничеа. ОК, му ја сфатив пораката. Сфатив дека е лут за нешто. Па си помислив, ако е лут може да ми каже, барем толку се  познаваме. Искрено на почетокот не мислев дека ќе оди во таа насока целава наша кореспонденција. Нели другари бевме во средно, а и после тоа се сретнавме уште тринаесет пати. Никогаш не сме разговарале на темата за која тој ми се обрати во првиов мејл вечерва. Барем јас така го сфатив тоа. Се соземав и најдругарски му вратив малку подолг мејл од вообичаеното. Почнав да пишувам во првите минути од новиот ден, односно на 5 ноември:

„Горане, ти всушност сам си одговори на прашањето што ми го постави уште во првиот мејл вечерва. Така е, како што пиша. Колку и да ти е чудно, така е. Преку глава им е на луѓето од сè! Едно време неподносливо беше да се живее тука. Нема да ти попувам и да ти кажувам дека, доколку нешто можеш да промениш на подобро слободно дојди, продади сè што си спечалил таму и пресели се, односно врати се тука и почни сè од почеток. Со овие стандарди, со овие сфаќања, со овој пристап кон сè, со овие луѓе тука, бла–бла–бла, ‘шијем ти га Џуро’ проповеди. Не брат, нема да ти го кажам тоа. Ќе ти кажам да си останеш таму. Ти веќе си Американец и немаш поима како е да се живее тука. Ќе ти кажам само дека ние кои останавме овде, секојдневно се соочуваме со многу (со големи букви), МНОГУ посериозни проблеми од оној за кој ти ми пишуваш во првиот мејл вечерва. Еве, ќе ти набројам некои од нив чисто колку да си на јасно во која насока се движи државава денес:

  1. Пешачки премин

Застанувањето на автомобилите на пешачки премин тука, не знам дали знаеш ама е мисловна именка. Тука луѓето немаат навика да застануваат на пешачки премин за пешаците да можат мирно да поминат на истиот.

Се разбира, чест на исклучоците.

  1. Етикетирање

Тука луѓето имаат потреба да живеат од етикетирања, за жал.

На пример: ти си најдобар во тоа што го работиш и признат си на глобално ниво, паралелно со тоа, сакаш и да се напиеш две – три пијачки, пиво, вино или некој жесток пијалак на крајот на денот.

Е, точно тоа луѓето ќе го забележат кај тебе и нема да го квалификуваат твојот успех, туку ќе те наречат пијандура. Едногласно. Луѓето тука се хранат со „проблемот“, (ако може да се нарече проблем пиењето две – три пијачки) на другиот, а не се хранат со неговиот успех. Еден да успее, сите, веднаш му го вадат прљавиот веш, демек, „ај бе не ми збори ти за него, катастрофа е тој. Знаеш од кога се знаеме.“

Се разбира, чест на исклучоците.

  1. Неодговорност

Тука луѓето кои чуваат домашни миленици немаат навика да го собираат изметот на нивните кучиња за време на прошетката, кога кучето има потреба да изврши нужда.

Се разбира, чест на исклучоците.

  1. Немање елементарни хигиенски навики

Тука некои наши сограѓани уште го фрлаат ѓубрето од тераса. Јас еднаш дури и снимив кратко видео на оваа тема. Знам дека не е за верување, но вистина е.

  1. Психоза

Тука луѓето решаваат, онака од чиста мира да фрлаат отрови по парковите каде што се шетаат меѓу другото и домашните кучиња, дечињата итн. Луѓето поведени од, односно, побеснети од јавен повик, преку фејсбук, твитер или некој друга социјална мрежа, за кој патем тврдам дека поголемиот дел од нив не ни знаат ниту дали е вистина се чувствуваат „повикани“ да го решат проблемот на своја рака.

Се разбира, чест на исклучоците.

  1. Политика

Тука луѓето ќе се изедат меѓусебно заради политика. Брат со брат. Сестра со сестра. Сосед со сосед. Родител со дете.

Се разбира, чест на исклучоците.

  1. Разлика

Тука луѓето ја осудуваат различната полова ориентација, онака нај-нај. Додуша сега малку е попуштено, ама до пред пет–шест години беше ужасно сето тоа. Дури би рекол одвратно. На неколку пати луѓето од ЛГБТИ заедницата беа изложени на физички напад, односно нивната канцеларија во чаршија. Каков ужас. Меѓу нас живеат луѓе кои се чувствуваат „овластени“ да осудуваат јавно некој кој има истополови емоции. Тоа некогаш знаело да заврши и со физички напад. Демек насилнициве ќе воспитуваат кој како да чувствува. Глупост на куб. Што ти смета бре некој што е истополово ориентиран? Негов живот, негова одлука! Кој си ти да судиш кој како да чувствува!!!

  1. Култура

Тука луѓето повеќе сакаат да одат на турбо фолк концерт и да се испотепаат таму, одошто, на пример, да одат на концерт на Red Hot Chilli Peppers или Depeche Mode или, не знам Foo Figheters и да уживаат и бидат насмеани.

Се разбира, чест на исклучоците.

  1. Развој = (0).

Тука не постои ниту еден, додуша никогаш не ни постоел, еден, барем еден силен општествен настан во полето на културата кој ќе го покани целиот свет во Македонија. Еве и нека не биде тоа Скопје.

  1. Сиромаштија

Тука луѓето, пристојно облечени пребаруваат по контејнерите да најдат остатоци од храна или облека за да се спасат. Оксиморон е, но ќе го напишам. Тука сиромаштијата цвета. Професори продаваат пенкала по кафулиња за да се прехранат.

  1. Загаденост

Скопје е еден од најзагадените градови во светот.

  1. Здравство

Јавното здравство е понижено и навредено и сите во него и оние што работат, а и оние што одат да се лекуваат.

  1. Насилство

На Скопје насилнички му беше направена операција на лицето.

Од тогаш па наваму луѓе беа физички претепувани по улици заради различен политички став, заради јавно што зборуваа против „она време“, вклучувајќи ме тука и мене. Бевме плукани јавно, до душа уште сме, само што јас нема да ги осудам ниту пак обвинам, уште помалку физички нападнам оние кои имаат различно мислење до мене. Здраво е едно општество да има луѓе со различни ставови.

И сите овие работи кои ти ги набројав погоре се општествени проблеми кои се наметнаа со годините во кои живееме тука.

За овие тринаесет точки што ти ги напишав погоре, а и за многу повеќе треба сериозно да се води јавна дебата и да се покренат иницијативи, милион иницијативи ако треба, само и само истите да се насочат во вистинскиот насока и конечно да оправиме еднаш засекогаш. Бидејќи ние ќе останеме да живееме во оваа држава. И, не, не мора да се протестира секој ден за сè и сешто. Ова се само дел од оние суштински проблеми со кои денес навистина, ама навистина се соочуваат Македонците.

Намерно се застанав на бројката 13. Затоа што толку пати сме се виделе откако ти замина одовде. Бидејќи како што знаеш и самиот Скопје е ослободено на 13.11. тоа е за неколку денови од денес. Прочитај ги уште еднаш убаво тринаесетте работи погоре што ги напишав за тоа какво е нашето Скопје, денес, доколку решиш да се вратиш да знаеш каде се враќаш.

Инаку, Скопје е целосно сменет град. Нема да го препознаеш. Веќе не е она нашето Скопје во кое ние растевме.

Кажи ми, како си ти?
Како живееш?
Како ти е семејството?
Уште ли е толку убав Менхетен како што беше некогаш?

И пред да те поздравам и ти посакам убав ден, а јас да си легнам сакам да ти кажам дека во овие доцни саати кај мене дома свири „Let’s just kiss and say god bye“ од „The Manhatans“ верзијата со Barry White.

Print Friendly, PDF & Email
Share72Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ