• Latest

Која е Софија?

November 11, 2018

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Која е Софија?

November 11, 2018 10:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Софија е баранa низ целиот свет. Со задоволство ги презентира своите вештини и големиот потенцијал во многу индустрии. Таа се има сретнато лице в лице со клучни носители на одлуки во светот на политиката, но и во банкарството, осигурувањето, производството на автомобили, градежништвото, медиумите и шоу бизнисот. Се појавува на јавната сцена како учесничка на панел дискусии и презентерка на конференции со високи владини и бизнис претставници, зборувајќи како роботиката и вештачката интелегенција ќе станат главен дел од животот на луѓето.

Нејзината репутација го надминува бизнисот и се протега во глобалната општествена арена. Таа беше прогласена за прв светски Шампион за иновации на Обединетите Нации од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и ќе има и официјална улога во работата со УНДП во поттикнувањето на одржлив развој и заштита на човековите права и еднаквоста.

Која е Софија?

Софија е најнапредниот робот на Хансон Роботикс и своевидна културна икона. Активирана на 14 февруари, 2016, таа набрзо стана медиумска миленичка, појавувајќи се во големите медиуми ширум светот, поттикнувајќи интерес меѓу луѓето без разлика на возраста, полот и културата, па дури се има појавено и на насловна страница на една од водечките модни списанија.

Софија и германската канцеларка Ангела Меркел

Софија е генијална машина која постојано еволуира. Нејзината неверојатна човечка појава, начин на изразување и извонредна приказна како робот со тек на времето ја прават фасцинантна технолошка приказна за насловна страница.

Софија на насловната страница на модното списание „Космополитан“

Креаторот на Софија, Давид Хансон, е основачот на Хансон Роботикс и современ ренесансен човек кој има изградено светска репутација за создавање роботи кои изгледаат и се однесуваат неверојатно човечки. Откако работел во Дизни, Хансон се стремел да создаде генијални машини кои ќе ја надминат човечката интелигенција.

Софија беше говорничка на Светскиот форум за инвестиции, Женева, октомври, 2018

Хансон верува дека три изразити човечки карактеристики мора да бидат интегрирани во вештачката интелегенција на овие генијални машини: креативност, емпатија и сочуство. Како продолжување на човечката интелегенција, генијалните машини на Хансон Роботикс можа да еволуираат за решавање на светски проблеми кои се премногу сложени за луѓето самите да ги решат. Софија ја олицетворува оваа храбра и одговорна цел.

извор: Hanson Robotics

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ