• Latest

Никола Груевски – херој на нашето време

November 23, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Никола Груевски – херој на нашето време

November 23, 2018 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија е на врвот на загаденоста во Европа. Тоа не се постигнува преку ноќ. За да се дојде на оваа позиција и да се задржи подолго време беше потребна повеќедецениска и деноноќна, самопрегорна работа на парламентарци, министри, градоначалници, советници, инспектори, кои овозможија  сечење на дрвја, отворање каменоломи, работа на фабрики без филтри, увоз на стари автомобили и камиони, постоење диви и незаштитени депонии… Меѓутоа, постигнувањето на оваа цел ќе беше невозможно или барем многу отежнато без посветената работа и визијата на еден човек – Никола Груевски.

Мирјана Најчевска

Македонија е една од најкорумпираните држави во Европа. И тоа е нешто што не може да биде остварено и достигнато така едноставно и во краток временски период. За да стане толку корумпирана, беше вложено сето знаење и искуство на многу парламентарци и министри и судии и јавни обвинители и членови на посебни тела, кои не се штедеа и дадоа неброени жртви во градењето на цврстото здание на корупцијата. Меѓутоа, Македонија никогаш немаше да се искачи толку високо на скалилата на корупцијата без уделот на Никола Груевски.

Македонија е држава со еден од најслабите образовни системи. Тоа не е случајно. За да се биде толку необразован и примитивен во 21 век е потребна координирана и осмислена акција на парламентарци, министри, градоначалници, наставници и професори. Постигнувањето на така сеопфатно затапување и продлабочено незнаење е тешка и макотрпна работа која бара голема посветеност и упорност. Меѓутоа, сите напори ќе беа залудни без светлиот пример на еден човек – Никола Груевски.

Македонија е држава во која правото е издигнато на највисокиот пиедестал на фикција, непочитување, изигрување, потсмев и мотање. Ретко која држава во Европа може да се пофали  со таков облик на систематско уништување на правната логика како што тоа може да го направи Македонија. Генерациите по нас ќе ги воспеваат парламентарците и министрите и судиите и јавните обвинители и уставните судии и професорите, за нивната херојска борба со повеќеглавиот змеј на правото, кој конечно беше сотрен и претворен во пепел. Многумина херојски загинаа на бојното поле, меѓутоа целта беше постигната – добивме држава ослободена од право. И да не се заборави, херојот на бел коњ кој ги предводеше фалангите во нерамноправната борба – Никола Груевски.

Македонија е држава во која демократијата доби едно сосема ново значење. Основни субјекти на демократските процеси не се граѓаните туку партиите. Партиите знаат сѐ, партиите кажуваат сѐ, тие галат кога си добар и казнуваат кога си лош. Некои партии од надвор повеќе личат на мафија, меѓутоа, ако се погледне поблиску ќе се види дека, всушност, навистина се мафија. За етаблирањето и невидениот развој на овој систем може да му заблагодариме на човекот кој прогласи дека 24/7 живее за народот. 24/7 Никола Груевски.

Да заклучиме, Македонија е ова што е денес и е инспирација за редица новопојавени, филистерски антидемократии, но и за некои автократии и дикататури во светот, благодарение на трудот на многумина. Парламентарци кои беа присилени да земаат енормно високи патни трошоци; министри кои не можеа да дигнат глава од шетање, јадење и честење истомаалци на државна сметка; судии и јавни обвинители кои со молчење се спротивставуваа на секој притисок на власта и со презир ги исполнуваа барањата на партијата на власт; градоначалници кои ги вложија сопствените бизниси во развојот на општините; членови на контролни механизми кои не се откажаа од својот интегритет и не се спуштија на ниските гранки да ги контролираат државните институции; професори кои, емоционално врзувани за секоја одлука на власта, го прогласуваа незнаењето за највисока доблест…

И секако, не смееме да го заборавиме херојот на нашето време без кој немаше да се заокружи величествениот систем на насилство, омраза, измама, малверзации и глупост од епски размери – Никола Груевски.

 


илустрација во прилог на текстот: Игор Стевковски

ЗАБРАНЕТО И ЗА ДЕЛУМНО ПРЕЗЕМАЊЕ ПРЕД 14 ЧАСОТ

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share195TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ