Со поддршка од 86 негови колеги, Младен Чадиковски е избран за нов председател ма Здружението на Новинари на Македонија, а неговиот противкандидат Стојанче Наумов доби 77 гласови. На денешното изборно собрание се избраа и новиот состав на Управниот одбор, надзорниот одбор и Советот на честа.
На неговиот говор по изборот Чадиковски повика на единство меѓу новинарите и заедничка работа за подобри услови за новинарите.
А. З.