• Latest

Камерон: Предлогот за примирје во Газа предвидува ослободување на илјада палестински затвореници

April 29, 2024
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Камерон: Предлогот за примирје во Газа предвидува ослободување на илјада палестински затвореници

April 29, 2024 17:17
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Предлогот за прекин на огнот во Газа претставен на Хамас вклучува 40-дневен прекин на огнот и ослободување на илјадници палестински затвореници, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.

„Се надевам дека Хамас ќе го прифати овој предлог“, рече тој, додавајќи дека целиот свет треба да ја повика палестинската група да го стори тоа.

За време на говорот на специјалниот состанок на Светскиот економски форум во Ријад, тој нагласи дека војната нема да заврши додека не бидат ослободени сите израелски заложници. Камерон оцени дека раководството на Хамас треба да го напушти Појасот Газа за да се отвори можноста за преговори за две држави. Според медиумите, денеска во Каиро треба да почнат преговорите со делегацијата на Хамас.

Како што се наведува, предлогот предвидува примирјето, доколку биде склучено, да биде претставено како „хуманитарен прекин на огнот“. Хамас ќе ги ослободи заложниците во замена за еднонеделен прекин на огнот и ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори,пренесува МИА.

Разговорите се во застој за двете главни прашања, барањата на Хамас израелските трупи да се повлечат од Газа и да го прекинат конфликтот и детали за бројот и имињата на палестинските затвореници во израелските затвори. Некои извештаи сугерираат дека Израел покажал подготвеност да направи дополнителни отстапки во иднина, вклучително и повлекување на силите кои го преполовија Појасот Газа и дозволувајќи им на жителите да се вратат на север.

Tags: КамеронПојасот Газа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ