• Latest

Кастрење на балканскиот фитил и Косовските безбедносни сили

December 16, 2018

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Кастрење на балканскиот фитил и Косовските безбедносни сили

December 16, 2018 10:22
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Сѐ повеќе мразам да коментирам за дневно-политички настани и актуелности. Сепак, денеска сакам заеднички да разгледаме една тема, повеќе заради илустрација на нивото на политичката култура и манипулациите, отколку заради самиот повод – формирањето на Косовските безбедносни сили (КСФ).

Џабир Дерала

Што рече Заев?

Ниеден момент не е погоден за формирање армија, каде и да е во светот. Затоа, пак, секој момент е погоден за распуштање на армиите, демобилизација и разоружување на војниците. Тоа е, секако, една утопистичка желба, својствена на секој активист за мир и човекови права, но, верувале или не, тоа е сон и на секој вистински голем генерал.

Сепак, во суровиот свет на човекот, армиите се реалност без која не може да се замислат државите. За да ја заокружи својата државност и да ја гарантира сувереноста и безбедноста на својата територија, секоја држава формира армија. Дури и во „погрешен момент“, како што тоа би го квалификувале НАТО, Германија, САД и… Зоран Заев.

Така, премиерот рече: „Јас знам дека и ставот на НАТО е тој: Не е време! Не ни требаат нови тензии. Уште еднаш, да не забораваме дека Балканот нема намера повторно да биде буре барут.“ Притоа, тој апелираше до балканските државници да внимаваат на своите чекори.

Стрели и копја, дрвја и камења

Лично мислам дека од оваа изјава најинтересни се деловите што останаа незабележани во јавноста, а тоа е дека „Балканот нема намера повторно да биде буре барут“. Ако Заев е сигурен во ова, барем приближно колку што звучеше и ако (до)знаеме од каде доаѓа неговото уверување, тоа може да биде навистина добра вест. Особено ако е општо познато дека Балканот сѐ уште е темпирана бомба што тешко ќе биде демонтирана во догледно време.

Но, да ги погледнеме реакциите по изјавата на Заев. Тој, практично, го цитираше ставот на НАТО, а тоа и не го криеше. Сепак, политичарите Албанци во Македонија ги насочија сите стрели и копја, дрвја и камења, исклучиво кон Заев. Не кон НАТО, не кон германската влада, туку кон Заев.

Официјален Берлин потсети дека Германија го признава Косово како држава, со суверено право да формира армија, но дека потегот е во погрешно време и дека претставува ризик по политичкиот дијалог со Белград. Ниеден политичар во Македонија не го споменува Берлин во своите емотивно набиени изјави против „предавството“ на Заев. Ниеден политичар не ѝ порача на германската влада да си гледа во дворот и да спроведува реформи. Најн, тоа никако! Зошто? Па повеќе гласачи Албанци им зеде Германија отколку Заев, зарем не знаат да бројат?!

Кој тоа се меша во внатрешните работи на Косово?

И… По која логика се брани правото на Косово да формира армија од Скопје? Зошто тоа не е прашање за јавна дискусија, формална или неформална? Зошто политичарите не им ја оставија дискусијата, каква-таква, на коментаторите во медиумите и на Фејсбук?

Косово е држава со своја влада, со свој амбасадор во Скопје, а сега, ете, свиџало се то некоме или не, и со своја армија. По редот на нештата, косовскиот амбасадор би бил првиот повикан да упати некаква реакција, ако изјавата на македонскиот премиер била непримерна, нема потреба некој друг да му ја работи работата. На крајот на краиштата, ако Заев се „меша во внатрешните работи на Косово“, исто толку мешање во внатрешните работи е и жестоката „одбрана“ на Косово.

И САД и Германија рекоа дека формирањето армија „повлеквит кечап и мајонез“, поточно уставни измени во Косово. Што? Зарем претходно немало уставни измени во косовскиот парламент? Упс! Нееее, не е избрзана одлуката, никако.

Селективна нетрпеливост

Кога ќе излезат на избори, Албанците во Македонија ќе очекуваат од политичарите планови за нивниот живот овде, во нашата земја, а не за прашањето околу (не)навременоста на формирањето на КСФ. Прашање е дали и какви планови и предлози за состојбите во Македонија имаат политичарите што претендираат да ги застапуваат интересите на албанската заедница. До сега, немајќи такви планови, тие се навикнаа да ги „возат“ своите гласачи со бајрак-етнички политики и со тоа да ги освојуваат местата во парламентот, директорските места во институциите и јавните претпријатија…

Проверено! Најдобрата „политичка стратегија“ за етно-политичарите е кастрење на фитилот што води до балканскиот динамит.

Можеби не паметам добро, но ваква нетрпеливост и говор на омраза што изразија против Заев, политичарите Албанци не сме ги виделе да изразат за ниту една изјава на политичарите чие решение на меѓуетничките односи во земјава се сведува на „сатари и гасни комори за Шиптари“. Значи, ако се повикува на претпазливост, како што е случајот со ставовите на НАТО, Германија и САД, тоа е национализам. Селективна некоја нетрпеливост…

На крајот на краиштата, ако веќе треба да се „брани“ Косово, фер би било да се излезе со изјава, па и протест и против НАТО, ЕУ, САД, Германија… Ете, на пример, лидерот на косовското движење Самоопределување, Албин Курти, своевремено отиде во друга крајност, подеднакво неприфатлива, но барем доследна на неговите опозиционерски ставови и постапки. Курти организираше жестоки протести против силите на ЕУЛЕКС, а припадници на движењето палеа и превртуваа возила на оваа странска мисија во Косово. Курти со подеднаква острина говори против корумпираната влада во Приштина и против странските мисии УНМИК и ЕУЛЕКС со години. Таква храброст не гледаме во политичките кругови (и на Албанците) во Македонија.

Битка за политички поени

Постои многу едноставен одговор на сите овие прашања: беспоштедна битка за политички поени. Па нека им оди тоа во прилог на Вучиќ и Лавров! Само поен да се ќари!

На политичките лидери на сите партии им е јасно дека меѓу албанските гласачи се појави сериозен играч што може да ги урне етничките бариери во изборните процеси. Сега за сите нив е важно тој играч (Зоран Заев) да се осуети. Меѓу Македонците, тој мора да се прикаже како предавник што им ја продал Македонија на Албанците, Грците, западњаците, Бугарите, Марсовците… Меѓу Албанците, тој треба да се прикаже како неискрен националист. Да, Заев. Тој им ги измести калкулациите на сите политички и криминални предатори и дома и во регионот, па и пошироко.

Ех, што сѐ може да му се случи на човек само ако се согласи со НАТО. Не со Вучиќ и Лавров, со НАТО. А оние што мислат дека се работи за исти изјави и ставови, е, тие се наивни.

За сето тоа време, Косовските безбедносни сили ќе го комплетираат своето вооружување и опрема кои сигурно не се руски или кинески, нели? На време или пред време, сеедно.

По сево ова, останува само уште прашањето за тоа кој ќе биде првиот коментар за овој рафал – дека сум предавник или дека сум националист? Кој ќе ме мрази повеќе денеска?

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Фотографија од Авторот: Биљана Јордановска

Илустрација: Бенкси

Share139TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ