• Latest

На 25 декември потсетуваме: Секој има право на животен стандард кој му обезбедува здравје!

December 25, 2018
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На 25 декември потсетуваме: Секој има право на животен стандард кој му обезбедува здравје!

December 25, 2018 13:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На 25 декември ЦИВИЛ потсетува на 25-иот член од Универзалната декларација за човекови права кој гласи: 1.Секој има право на животен стандард кој му обезбедува здравје и благосостојба, нему и на неговото семејство, вклучувајки ја исхраната, облеката, станот, и лекарската нега и потребната социјална служба, како и правото на осигурување во случај на невработеност, болест, немоќ, вдовство, старост или други случаи на губење на средства за издржување поради околности независни од неговата волја.
2.Мајките и децата имаат право на посебна нега и помош. Сите деца родени во брак или надвор од него, уживаат еднаква социјална заштита.

Во Република Македонија право на социјална парична помош има лице способно за работа и домаќинство (заедница на членови на семејството и други роднини меѓу кои не постои законска обврска за меѓусебно издржување, кои заеднички придонесуваат, стопанисуваат и трошат). Подносител, односно носител на правото на социјална парична помош е невработено лице, кое активно бара работа согласно со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, материјално необезбедено и кое според други прописи не може да обезбеди средства за егзистенција. За материјално необезбедено се смета лице и домаќинство кое остварува приходи по сите основи пониски од износот на социјалната парична помош, утврден со овој Закон и кое не поседува имот и имотни права од кои може да се издржува.

Социјално загрозени лица се: корисници на постојана парична помош и лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст.

Средствата за остварување на правото на парична помош за социјално домување, се обезбедуваат од буџетот на општината, на Градот Скопје и на општините во градот Скопје, односно од Буџетот на Република Македонија.

Но, во пракса, најчесто тоа изгледа многу поразлично во реалноста во Македонија. И покрај законите кои се донесени за заштита на социјално загрозените лица, често пати може да се „потфрли“ во тоа поле. Секојдневно сме сведоци на луѓе кои единствен извор за храна за да преживеат им се контејнерите, да питачат по улица и да бидат оставени на улица. Правото на пристоен живот е првото и основно човеково право!

Универзалната декларација за човекови права е донесена од Генералното собрание на Обединетите нации, на 10 декември во 1948 година.

ЦИВИЛ го означи декември како месец на човековите права и секојдневно потсетуваме на сите членови од Универзалната декларација за човекови права.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ