Јован Митревски од редовите на владејачката партија СДСМ е новиот координатор на пратеничката група во Собранието.
Митревски доаѓа на местото на пратеникот Томислав Тунтев, кој пак поднесе оставка како пратеник и координатор на пратеничката група за да биде директор на Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба.
Јован Митревски е роден во Струга, 1980 година, по професија е дипломиран економист.
Ј. М. П.