Tурските власти ја одобриле екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо осомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
„Почитувани граѓани и непочитуван г. Ковачки, Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда“, објави министерот за правда Кренар Лога.
Информацијата дека есктрадицијата е одобрена била доставена денеска.