Градоначалникот на Гдањск, Павел Адамовиќ е пренесен во болница, каде што е опериран часа, по повредата која му е нанесена за времетраењето на најголемиот хуманитарен настан во Полска.
„Адамович претрпел сериозни повреди во пределот на стомакот. За време на операцијата, тој примил 41 единица крв. Останува во многу сериозна состојба. Наредните часови ќе бидат клучни“- изјави директорот на Универзитетскиот клинички центар во Гдањск, д-р Томаш Стефанијак.
Напаѓачот е 27-годишниот Стефан Машчеза, кој упаднал и почнал да извикува дека невин лежел во затвор за време на владеењето на либералната Граѓанска платформа. На ТВ снимките јасно се гледа напаѓачот како извикува „ Адамович е мртов“ и додава дека бил мачен во затворот.
Полскиот премиер Моравјецки на Твитер порача: „Нападот на Павел Адамович е за најжестока осуда. Во нашите мисли и молитви е Адамович“.
Ј. М. П.