• Latest
Фото: Вучиќ - Путин / East Journal

И по Путин, Вучиќ- „иконите“ на антизападната кампања во дел од македонските медиуми

May 7, 2024

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

И по Путин, Вучиќ- „иконите“ на антизападната кампања во дел од македонските медиуми

May 7, 2024 21:26
in АНАЛИЗИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фото: Вучиќ - Путин / East Journal

Фото: Вучиќ - Путин / East Journal

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

во соработка со Мониторинг тимот на Цивил

Мониторигн тимот на Цивил, при константното следење на делувањето на странската малициозна пропаганда во земјава,  врз основа на целокупната анализа на делувањето на оваа пропаганда, односно на нејзинита најистакнати „чинители“, може да констатира дека најомилен политичар кој спроведува антизападна кампања, после рускиот диктатор Владимир Путин, кај дел од македонските медиуми, е претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ.

Иако Путин е се уште неприкосновен владетел на македонскиот интернет простор, барем кога се работи за медиумите кај кои евроатлантската определба на државата не е во прв план, сепак, српскиот претседател зафаќа голем дел од колачот со кој се насладува евроскептичниот, анти НАТО и останатиот ретрограден дел од македонското општество.

Мудрите мисли и ригидни ставови на Вучиќ во однос на Западот, НАТО, Русија, Кина Косово се помеѓу најраспространетите објави кај овие медиуми, без разлика на тоа дали неговите поимања за тековните движења во светската политика не кореспондираат со правецот по кој се движи нашата држава.

Така е пренесена и последната изјава на Вучиќ, со која тој, како „значаен фактор“ во меѓународната политика самоуверено одлучува дека: Тајван е Кина, и точка.

За овие македонски медиуми нема место за приговор на неговата изјава. Таа, иако е во целосна спротивност со ставот на западните парнери, а со самото тоа и на Македонија, како членка на Алијансата, истата се пренесува некритички, без приговор, онака како што е сервирана од страна на дописникот на  државната информативната агенција МИА од Белград, а всушност е само превод од српските медиуми.

И додека за тамошните економско-воено-опшествени текови, ваквата изјава има своја употребна вредност во остварување на државните цели на Србија, нејасна е потребата ваквата изјава на Вучиќ, дадена за кинески медиум во пресрет на посетата на кинескиот претседател на Србија, да биде интегрално пренесена во македонските медиуми.

Ова особено ако се има предвид дека Северна Македонија, како членка на НАТО и аспирант за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ, треба да биде особено внимателна во однос на делувањето на кинеската пропаганда која веќе е во отворена хибридна војна против Западот и притоа го ангажира секој аспект од своите интеракции со надворешниот свет со цел да го поткопа, порази и замени Западот како модел на демократско општество и за таа цел ги користи сите ранливости што може да ги најде или создаде во либералните западни општества. Нејзините тактики вклучуваат принудна дипломатија, прокси војна преку непријателски држави, политичка шпионажа и операции за влијание, дезинформации и пропаганда, кражба на податоци, сајбер напади и повеќе во остварувањето на нејзините цели. На овие делувања не е имуна ниту Северна Македонија, посебно ако тие веќе делуват во непосредното соседство.

Но, ова и не е прв пат македонските медиуми некритички, без осуда ги пренесуваат манипулациите на Вучиќ, кога тој повеќе пати досега се замешал во внатрешните работи на Северна Македонија, преку постапки и изјави на штета на македонските национални чувства и меѓуетничките односи во земјава.

Tags: Александар Вучиќмакедонски медиумистранска малициозна пропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ