• Latest

Ситуацијата во штипскиот затвор е мирна

January 20, 2019

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ситуацијата во штипскиот затвор е мирна

January 20, 2019 10:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уште во текот на изминатата ноќ, ситуацијата во КПД Штип се смири. Адвокатите добиле пристап до побунетите затвореници, по што ситуацијата се смирила, а затворениците биле упатени во самици. Синоќа, ЦИВИЛ МЕДИА објави видео и сведоштва за бунтот што започна вчера попладне, околу 16 часот. Според сведоштвата на неколку затвореници, тие се затворени во една мала просторија, под казна, затоа што кај нив се откриени мобилни телефони.

Затворениците се жалат дека затворскиот персонал ги малтретира и има селективен пристап кон различни затвореници. Тие сведочат дека нивните права грубо се кршат. Семејствата на затворените лица веќе повикале свои адвокати, но во моментот на објава на овој извештај (20:15 часот), ним не им се дозволува влез во затворот.

Според информациите од соработничката мрежа на ЦИВИЛ, локалните функционери на ВМРО-ДПМНЕ веднаш се впуштиле во мобилизација на локалните медиуми и на социјалните мрежи.

ЦИВИЛ – Центар за слобода упатува итен апел до затворските власти веднаш да преземат мерки за смирување на ситуацијата и да ги почитуваат човековите права на лицата на издржување казна затвор во установата. Воедно, ЦИВИЛ апелира до Министерството за правда и Управата за извршување санкции да преземат итни чекори за подобрување на затворските услови и третманот на лицата што се на издржување на затворски казни. Воедно, ЦИВИЛ апелира до политичките субјекти да не ја политизираат состојбата.

Џ. Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ