• Latest

Агенција за национална безбедност на повидок

January 25, 2019

24 ЧАСА: Скандалозниот тендер на МВР стигна во ДКСК; Зеленски подготвен за тројна средба со Трамп и Путин; НАТО ги осуди кинескиот хакерски напади врз чешкото МНР; НАМАЛИ (REDUCE): Помалку отпад, повеќе живот

May 28, 2025
Фото: Принтскрин

Претставници на студентите во блокада и челните луѓе на Универзитетот во Белград утре ќе одржат состанок

May 28, 2025

Грчката влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама

May 28, 2025

Мицкоски за предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство: Мислам дека добро ќе соработуваме во Владата

May 28, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Каков градоначалник ѝ е потребен на вашата општина?

May 28, 2025

Мургашанска: Едукацијата е првиот чекор кон зелена иднина, управувањето со отпад бара заедничка акција

May 28, 2025

Дај петка за подобра иднина! – Регионална онлајн конференција на Зелен ЦИВИЛ

May 28, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните бараат министерот за здравство да биде искусен доктор, специјалист, професионалец, некорумпиран, да знае да менаџира, додека некои сметаат дека таков нема во Македонија и треба да се донесе од надвор

May 28, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ со реакција за инцидентите со медиумите на изборите во Албанија; Косовскиот уставен суд се уште „го разгледува“ предлогот на ВВ за тајно гласање

May 28, 2025

Рокас: Поврзувањето на сите точки во Европа за одржување на мирот, безбедноста и просперитетот

May 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Агенција за национална безбедност на повидок

January 25, 2019 17:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенција за национална безбедност е името на новата институција задолжена за безбедност и контраразузнавање, која треба да ја замени сегашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК). Насловот на институцијата, која во првата верзија на новиот закон беше Агенција за внатрешно разузнавање, е сменет за попрецизно да го отслика делокругот на нејзината работа.

Покрај оваа, навидум козметичка, промена, во тек се и интервенции во текстовите на сите пет закони од пакетот за реформи, најавува предлагачот, Министерството за внатрешни работи. Во моментов, пакетот закони за реформи на безбедносниот систем ги опфаќа новите предлог-закони за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, за Агенција за внатрешно разузнавање (оригиналниот наслов), и измени на законите за внатрешни работи, за странци и за следење на комуникациите.

„Процесот на реформи сеуште не е завршен и во периодот што следи се очекуваат измени на други законски решенија, вклучително и на Закоонот за Агенција за разузнавање, што ќе предизвика евентуална измена на постојни или креирање на нови законски решенија“ – најавува МВР.

На 15 јануари заврши периодот од два месеци во кој требаше да биде подготвена конечната верзија на текстовите на петте законски решенија од пакетот. Оригиналните текстови, според МВР, досега претрпеле значајни интервенции.

„Изготвувањето на Предлогот на Закон за Агенција за национална безбедност е резултат на компаративно искуство и учество на сите релевантни субјекти во државата, вклучително и невладини организации и професори, при што е јасно разграничено дека кривичните постапки согласно Законот за кривичната постапка се процесуираат од страна на јавен обвинител и правосудната полиција, а безбедноста е предмет на уредување на повеќе матични закони, вклучувајќи ги и Законот за Агенција за национална безбедност, Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница. Воедно укажуваме дека процесот на реформи на безбедносните служби е сéуште во тек, при што ќе следат нови измени на повеќе законски решенија“ – наведува МВР како одговор на дел од критиките упатени кон предложените текстови.

Паралелно со пакетот закони за реформи на безбедносно-разузнавачкиот систем, во тек е и постапка за донесување на нов Закон за класифицирани информации, чиј носител е Министерството за одбрана и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Игор К. Илиевски

 


Овој прилог е дел од серијата текстови засновани на мониторингот на ЦИВИЛ на реформските процеси во безбедносниот сектор во земјата.

ЦИВИЛ МЕДИА за реформите на безбедносните служби

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Четворица затвореници барале 1.200 евра од мајка за да не и го тепаат детето во затворот „Идризово“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Што ти се чинеше…

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ