• Latest

РЕАКЦИИ: Граѓаните бараат министерот за здравство да биде искусен доктор, специјалист, професионалец, некорумпиран, да знае да менаџира, додека некои сметаат дека таков нема во Македонија и треба да се донесе од надвор

May 28, 2025

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

РЕАКЦИИ: Граѓаните бараат министерот за здравство да биде искусен доктор, специјалист, професионалец, некорумпиран, да знае да менаџира, додека некои сметаат дека таков нема во Македонија и треба да се донесе од надвор

May 28, 2025 14:41
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ВЛЕН, коалициониот партнер во владата на Мицкоски, за министер за здравство го предложи Азир Алиу, поранешен министер за информатичко општество и администрација, кадар на Алијанса за Албанците на поранешниот министер за здравство Арбен Таравари. Тој е дипломиран инженер по електротехника, и се стекал со звањето доктор по информатички науки.

Редакцијата на ЦивилМедиа, вчера во редовниот термин го постави „Прашањето на денот: Каков министер за здравство ни е потребен?“

Од пристигнатите одговори на граѓанките и граѓаните може да се издвојат 3 групи:

Еден дел од читателите сериозно го сфатиле прашањето и се потрудиле да дадат суштински одговори според сопствените замисли каков треба да биде министерот за здравство. Тука издвојуваме неколку одговори:

Министер за здравство треба да биде доктор специјалист за организација на здравството,кој ќе се погрижи за организациони реформи во таа област,а тоа ќе доведе до поквалитетна и подостапна здравствена заштита во јавното здравство.

Искусен доктор, повозрасен, кој поминал низ сито и решето во својот професионален развој, почитуван и ценет меѓу пациенти и колеги. Но, да не биде некој врвен специјалист кој би го изгубиле како пациенти. Туку од некоја медицинска област каде има повеќе кадри за да не се забележи неговото отсуство. Истото го мислам и за градоначалници и пратеници. Доктори да не се ставаат, бидејќи ни се неопходни во нашиот здравствен систем.

Медицинско лице, некој врвен доктор, ако се уште ги има, некој што навистина нешто ќе среди, сега ни е катастрофа, за жал се ставаат партиски пиони без никаква врска со медицината, што да се каже.

Да биде од таа струка, лекар, да има познавање и да знае добро да менаџира

Стручен доктор и професионалец кој ја знае потребата на ова здравство

Во втората група влегуваат оние кои преку своите одговори ја прикажуваат разочараноста од моменталната состојба воздравството, без надеж дека нешто ќе се подобри:

 Никаков. Бидејќи каков и да ставиме ова што се раскрчми и уништи во овие 33 години, ни господ не го оправа!

И да има и ич да нема исто се фаќа, здравството е дно

Некој од странство,во Македонија нема таков ,способен

Таков се уште не е роден во Македонија. До сега сите беа со лепливи прсти или со успорени реакции или изгубени во просторот и времето.

Додека во третата група, секако откако ќе ги изземеме за среќа малкуте навредливи коментари со говор на омраза, има главно кратки шегобијни одговори, како:

од Тему; здрав; нормален; учител по музичко; може и оперски пејач; магионичар…

Редакцијата на ЦивилМедиа, ги охрабрува граѓанките и граѓаните да дадат свои одговори, пораки и сугестии на прашањата на денот. ЦИВИЛ  и е простор во кој секогаш можат да се обратат со свои прашања, коментари, споделување искуства, критики или пофалби.

Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.

М. Д.

Tags: министер за здравствоПрашање на денотреакции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ