• Latest

24 ЧАСА: Скандалозниот тендер на МВР стигна во ДКСК; Зеленски подготвен за тројна средба со Трамп и Путин; НАТО ги осуди кинескиот хакерски напади врз чешкото МНР; НАМАЛИ (REDUCE): Помалку отпад, повеќе живот

May 28, 2025
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Скандалозниот тендер на МВР стигна во ДКСК; Зеленски подготвен за тројна средба со Трамп и Путин; НАТО ги осуди кинескиот хакерски напади врз чешкото МНР; НАМАЛИ (REDUCE): Помалку отпад, повеќе живот

May 28, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

СДСМ достави документи до Антикорупциска за скандалозниот тендер во МВР: ДКСК да покаже дека не се неми набљудувачи на криминалот, туку бранители на јавниот интерес

СДСМ достави документи до Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)) и бараат итна постапка за скандалозниот тендер во МВР!

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зеленски е подготвен за тројна средба со Трамп и Путин

„Подготвени сме да се сретнеме на ниво на лидери. Американската страна го знае ова, а руската страна го знае ова. Подготвени сме за форматот „Трамп, Путин и јас“, и подготвени сме за форматот Трамп-Путин, Трамп-Зеленски, а потоа и ние тројцата“, рече Зеленски.

„Ако на Путин не му е удобно билатерална средба или ако сите сакаат таа да биде трилатерална средба, не ми е гајле. Подготвен сум за кој било формат“, додаде Зеленски.

РЕГИОН

Грчката влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама

Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ) со одлука на грчката Влада ќе се укине, а функции ќе бидат префрлени во Независната управа за јавни приходи (ААДЕ), беше одлучено на состанокот свикан од грчкиот премиер, по големата истрага за измама што ја спроведува европското обвинителство…

СВЕТ

НАТО ги осуди кинескиот хакерски напади врз чешкото МНР: Сите држави да се воздржат од злонамерни кибер активности

Силно ги осудуваме злонамерните кибер активности насочени кон поткопување на нашата национална безбедност, демократските институции и критичната инфраструктура, се наведува во реакцијата на Северноатлантскиот совет во врска со последните кибер напади врз чешкото Министерство за надворешни работи…

АЛ ПРЕС

Мисијата на ОБСЕ во Албанија изрази загриженост во врска со пријавените инциденти против новинари пред, за време и по неодамнешните избори, вклучувајќи случаи на заплашување и опструкција, пишуваат албанските медиуми. Во Косово, неуспешните обиди за конституирање на собранието се една од главните теми во медиумите.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Каков градоначалник ѝ е потребен на вашата општина?

Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.

Кој е вашиот став? Пишете ни во коментари или пораки. Учествувајте.

ИНТЕРВЈУ

Мургашанска: Едукацијата е првиот чекор кон зелена иднина, управувањето со отпад бара заедничка акција

Атина Мургашанска, како дел од Центарот за развој на Североисточниот плански регион, во разговорот за ЗЕЛЕН Цивил, истакна дека во надминување на овие проблеми се работи интезивно на јакнење на свеста кај граѓаните.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЕДУКАЦИЈА

НАМАЛИ (REDUCE): Помалку отпад, повеќе живот

Примената на петте принципи на циркуларна економија (5R концепт) започнува со преиспитување (Rethink), менување на начинот на размислување колку индивидуално (или како колектив, доколку се работи за одредена бизнис заедница) може да се придоднесе во намалување на отпадот и во таа насока заштита на средината во која живееме и делуваме. Следниот чекор на отфрлање (Refuse) пoдразбира одбивање на сè што е непотребно, тешко разградливо и штетно влијае на околината.

СООПШТЕНИЕ

Дај петка за подобра иднина! – Регонална онлајн конференција на Зелен ЦИВИЛ

Зелен ЦИВИЛ ќе одржи регионална онлајн конференција „Дај петка за подобра иднина!“ (Give me five for a Better Future) во четврток, 29 мај, со почеток во 12 часот, на која ќе учествуваат претставници експерти и граѓански активисти од регионот.  Конференцијата ќе се емитува во живо на YouTube и Фејсбук профилите на ЦИВИЛ.

СЛОБОДНА ЗОНА

Студентските протести во Србија ќе бидат обележани според некои навистина духовити пароли насочени кон српскиот деспот Вучиќ и „чаците“ кои го опкружуваат, залетувањето со автомобили во протестантите на блокадите, но и според знамиња кои се вејат како дел од иконографијата на протестите. Студентите ја пропешачија Србија, возејќи велосипед стигнаа и до Стразбур, но на протестите не можеше да се види ниту едно знаме на ЕУ, пишува Драган Мишев во анализата „Зошто нема знамиња на ЕУ на протестите во Србија?“

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестигрвкуаѓамска акцијаизјавиинтерслободна зона
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ