• Latest
Дел од иконографијата на студентските протести во Србија (Фотомонтажа: Скриншот од YouTube/Фејсбук/Тридс

Зошто нема знамиња на ЕУ на протестите во Србија?

May 27, 2025

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зошто нема знамиња на ЕУ на протестите во Србија?

May 27, 2025 19:33
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Дел од иконографијата на студентските протести во Србија (Фотомонтажа: Скриншот од YouTube/Фејсбук/Тридс

Дел од иконографијата на студентските протести во Србија (Фотомонтажа: Скриншот од YouTube/Фејсбук/Тридс

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Студентските протести во Србија ќе бидат обележани според некои навистина духовити пароли насочени кон српскиот деспот Вучиќ и „чаците“ кои го опкружуваат, залетувањето со автомобили во протестантите на блокадите, но и според знамиња кои се вејат како дел од иконографијата на протестите. Студентите ја пропешачија Србија, возејќи велосипед стигнаа и до Стразбур, но на протестите не можеше да се види ниту едно знаме на ЕУ.

Уште на почетокот на блокадите, во Нови Сад и Белград, организаторите побараа да се отстранат знамињата на ЕУ, сметајќи дека со тоа ќе ги провоцираат и поделат демонстрантите. И оттогаш, забележително е отсуството на знамето на ЕУ на митинзите, а протестите станаа идеално поле за српскиот национал(ен)истички патриотизам, со неизбежното мешање на СПЦ, Караџорџевиќи, Немањиќи, Путин и „не дамо Косово“.

Сега на митинзите, покрај српското, се вејат знамиња на „мајчица“ Русија, воени знамиња на Вагнеровци, под кои се убиени милиони деца и луѓе од Украина, знамиња со црковни мотиви и икони. Секоја чест на исклучоците, како корисничката на Тридс која објави дека ја нервира тоа руско воено знаме на Вагнер со брановидниот кадрав Исус, тоа воено знаме е знаме на злото и ги претставува милионите убиени деца и луѓе од Украина. Но, тоа не ме спречи да ги поддржувам студентите од дното на моето срце, вели таа.

Но, колку далеку ќе стигне овој изолиран глас на разумот?

Меѓу протестантите дефилираат и припадници на организации на „ветерани“ во воени униформи кои наводно ги штитат студентите, објавувајќи „селфиња“ од митинзите со нагласено покажување три споени прста, јасна алузија на православното крстење.

Се почести на социјалните мрежи кружат видео клиповите на кои во бекграунд на демонстрантите „вооружени“ со српски и нагласени православни обележја, се слушаат црковни хорови и архаични текстови во кои православни легии, силни војска ја спасува Србија (и Косово), а неретко се гледа како православни свештеници ги испраќаат за Србија демонстрантите од Косово, со благослов да пренесат таму дека Косово е Србија.

Со оглед дека српскиот патријарх со висока црковна делегација беа на „баци рака“ кај Путин во Кремљ, каде му се пожалија и побараа помош во справување со, како што ги нарекуваат студентските протести – обоената револуција, се ствара еден хаос во поимањето на страните  поврзани со митинзите, блокадите, контрамитинзи, сé во стилот „ неко овде меџу нама није наш“.

„Кога ја нема мачката, глувците оро вијат“

Студентите во Србија се чини дека го одиграа својот „лавовски“дел, барајќи промени кои всушност се поклопуваат со условите што ЕУ ѝ ги поставува на Србија за членство.

Но, истата ЕУ, која ги поддржа протестите во Грузија, остана рамнодушна кон протестите во Белград. Топлата посета на Антонио Кошта на Белград – само неколку дена по враќањето на Вучиќ од парадата во Москва, уште еднаш ја покажа заштитничката политика што ЕУ ја води кон српскиот претседател.

Европската унија веќе со години практикува „гласно молчење“ и „широко затворени очи“ во однос на политичките девијации во Србија. Наместо принципиелна политика, Брисел често ги премолчува лошите демократски стандарди во замена за стабилност – соработка во дијалогот Белград-Приштина, дистанцирање од Кремљ, и пристап до критични суровини како литиум. Овој прагматичен „геополитички“ пристап не само што е погрешен, туку и ја продлабочува внатрешната поларизација, потенцијално водејќи кон нестабилност што го намалува влијание на ЕУ во регионот за сметка на некои други источни влијанија. И тоа што протестите во Србија поминуваат без ЕУ знамиња, е уште еден доказ за разочарувањето и намалената доверба на граѓаните кон Унијата и падот на јавната поддршка за евроинтеграциите.

Кога ја нема мачката, глувците оро вијат. Па така, на протестите, националистичките сили, од политички партии до црква и проруски организации, добија отворен простор. На протестите, покрај српските знамиња, доминира иконографија со крстови, светци, кокарди, стари српски цареви и други симболи на традиционалната српска десница., кои полека станаа главно обележје на протестите.

Сепак, неоправдано е критиката за присуството на вакви симболи да се насочува кон студентите, додека вистинскиот проблем – режимот на Вучиќ – останува недопрен. Младите веќе направија и повеќе од доволно. Следниот чекор би требало да го преземат опозицијата, интелектуалците, граѓанските организации, земјоделците, трактористите, моторџиите, па и ветераните– сите кои можат (и сакаат) да се спротивстават на партиските инсталации на власта.

И тука се среќаваме со суштинскиот проблем на четиридецениската неуспешна транзиција: доминацијата на националистичката идеологија, која од почетокот на повеќепартизмот остана без сериозна алтернатива. За да преживеат на политичката сцена, речиси сите партии мора да го прифатат наративот дека НАТО е агресор, дека Србија не водела освојувачки војни, туку била жртва, а Косово – „украдено“. Во Босна не се признава геноцидот, Русија се гледа како заштитник, додека Западот се претставува како кочничар на српското национално обединување.

Овој наратив е сé поприсутен, веќе не успеваат да го надминат ниту најлибералните, најпрогресивните проевропски делови од српското општество. И студентите на блокадите веројатно нема да бидат исклучок. За жал.

„Пролеће је, а ја живим у Београду“

Во јавниот дискурс што го формираа поранешни радикали и агенти на Кремљ, падот на Милошевиќ во 2000 година е преставен како западен државен удар. Во таа наопаку поставена логика, хероите се воени злосторници, а членовите на отпорот – предавници и „странски платеници“.

Затоа уште од самиот почеток на протестите студентите се чувствуваат приморани да се правдаат – дека не сакаат „обоена револуција“, дека не сакаат насилно да го соборат Вучиќ, дека не се финансирани од Западот.

Српските власти, од патријархот Порфириј до медиумите под државна контрола, секојдневно ги етикетираат протестите како „обоена револуција“. Патријархот и Путин, секој на свој начин, ја играат истата улога – да го стабилизираат Вучиќ и да ја задржат Србија во орбитата на „рускиот свет“.

На крајот, Вучиќ се обидува да ја претвори и оваа младинска енергија во сопствена политичка победа, претставувајќи ја како уште еден доказ за национално единство под негова рака. Таа стратегија може да му обезбеди политички континуитет – дури и по евентуален пад на неговата влада.

Но вистинските, суштински промени нема да дојдат одеднаш, ќе треба време,  генерации можеби. Можеби знамето на ЕУ што студентите го извадија  дури по пристигнувањето во Стразбур е најава на таа нова пролет. Но дали за неа во Србија има храброст, визија – и вистински лидерски?

Само да не биде и оваа пролет како пред многу години  во режимот на Милошевиќ, кога во Белград никна графитот: „Пролеће је, а ја живим у Београду“ (пролет е , а јас живеам во Белград) со јасна алузија на уште една пропуштена „Прашка“ пролет.

Текстот е личен став на авторот
Tags: иконографијаСрбијаСтудентски протести
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ