Веќе подолг период, ЦИВИЛ спроведува мониторинг на клучните општествено-политички процеси во земјата. Освен долгорочниот мониторинг на состојбата на човековите права и слободи, организацијата работи на мониторинг и на повеќе реформски процеси, меѓу кои и на безбедносните служби.
Медиумската платформа на ЦИВИЛ спроведе мониторинг на законските и другите процеси започнати во безбедносните служби, кои во минатото беа дел од груби злоупотреби со кои се газеа човековите права и се подриваа демократските институции. Со серија текстови и интервјуа, медиумската платформа на ЦИВИЛ ќе даде придонес со тоа што ќе фрли светлина на тековните процеси и ќе ја приближи суштината на реформските зафати до граѓанките и граѓани во чија служба треба да бидат безбедносните служби.
Во медиумските содржини што следат во наредните денови ќе се проговори отворено и директно и за важни аспекти на безбедноста во земјата, вклучувајќи ги и опасностите од насилниот екстремизам, радикализацијата и тероризмот.
Како и секогаш, ЦИВИЛ е отворен за комуникација со граѓанките и граѓаните, за нивните прашања, сугестии и инфромации.
ЦИВИЛ, Тим за комуникација со јавноста