• Latest

Пендаровски се откажа од доживотната пензија, првиот политичар што ја поддржа иницијативата на ЦИВИЛ за укинување на привилегиите на функционерите

May 14, 2024

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски се откажа од доживотната пензија, првиот политичар што ја поддржа иницијативата на ЦИВИЛ за укинување на привилегиите на функционерите

May 14, 2024 15:43
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот  претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе се откаже од дел од привилегиите кои му следуваат согласно законот, односно, нема да ја користи доживотната пензија, но ќе користи канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен кабинет, соопштија од неговиот кабинет, за ЦИВИЛ Медиа.

Со оваа одлука, Пендаровски е првиот претседател на државата кој се откажал, односно нема да ги користи привилегиите по завршување на мандатот, како што тоа го прават сите негови претходници.

Правата кои произлегуваат од највисоката државна функција ги користат поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

Пендаровски веќе во септември 2019 година најави дека по завршување на мандатот, ќе се откаже од доживотната пензија и другите привилегии, но, и тогаш нагласи дека по истекот на мандатот, смета дека би требало да му се обезбеди просторија во некоја од државните институции каде како поранешен претседател би ги извршувал протоколарните активности.

Во согласност со безбедносните проценки, од МВР ќе продолжат  да го обезбедуваат поранешниот претседател.

На 14 мај 2019 година, ЦИВИЛ ја започна Иницијативата за укинување на привилегиите на функционерите.  Иницијативата #КрајЗаРасипништвото  ја поддржаа шест илјади граѓанки и граѓани во онлајн петицијата што ја започна организацијата.

Иницијативата започна со соопштение на ЦИВИЛ,  за потоа, организацијата, во присуство на голем број медиуми, да достави барања до парламентот на 17 мај, во пет минути до 12 часот.

“ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават крај на расипништвото и повластиците во кои уживаат функционерите. Почнувајќи од поранешните претседатели, завршувајќи со раководителите на државните агенции и други институции, сите повластици мора да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една сиромашна земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.“, се наведува во соопштението на организацијата од 14 мај,  2019 година.

На 5 јуни 2019 година, ЦИВИЛ одржа јавна трибина „Крај за расипништвото“, на која граѓанките и граѓаните имаа можност подетално да се запознаат со барањата на организцијата кои се однесуваат на намалување и укинување на привилегиите на јавните функционери.

„Нашите барања не се однесуваат само на поранешниот претседател, туку на сите поранешни и сегашни функционери. Нашата иницијатива се однесува на сите кои се и имениувани  и избрани, на сите функционери во администрацијата, односно на сите што се во ситуација да троат јавни пари или да искористуваат јавно добро или да употребуваат или злоупотребуваат службена положба на локално или државно ниво. Нашата иницијатива, исто така, не се однесува само на апанажи или пензии туку на повеќе области од трошењето на јавните пари“, изјави Дерала.

Подолу се поместени барањата на ЦИВИЛ и на граѓанската работна група:

  • Укинување на апанажите на било кое ниво, за било која позиција.
  • Укинување на доживотните пензии за поранешните претседатели, до моментот кога тие исполнуваат услови за пензија, соодветно на примањата што ги имале во текот на работниот век.
  • Укинување на парични и други надоместоци за сите управни одбори, односно позицијата во тие и слични тела треба да биде почесна, а не платена.
  • Укинување или спојување на државните агенции, со намалување на бројот на вработени. Бараме укинување на сите привилегии што се поврзани со користење службени возила, репрезентации, обезбедување на функционерите и други прескапи привилегии.
  • Драстично намалување на патните трошоци на функционерите, поточно, обезбедување средства во висина на цената за јавен превоз.
  • Да се воспостави пракса на забрана за набавка на службени возила од средна и висока класа.
  • Укинување на дискреционите овластувања на функционерите.

Неколку политичари, меѓу кои и Претседателот Стево Пендаровски, ја дадоа својата поддршка веднаш и во деновите по почетокот на иницијативата. Државната Комисија за спречување корупција во февруари 2020 година на јавна седница ги разгледа и анализираше патните трошоци на пратениците за периодот од 2015-2019 година.

Од почетокот на иницијативата на ЦИВИЛ, од Собранието не е добиена поддршка.

Дијана Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ