• Latest

Пацифисти и националисти

January 28, 2019
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пацифисти и националисти

January 28, 2019 10:44
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ОК, прифаќам, виновен сум. Туку, ај да излеземе од оваа жива кал во која се давиме речиси триесет години, и ти и јас, и, ОК, еве, нема проблем, јас ќе бидам виновен за се’, не грижи се, само, те молам, дај да излеземе еднаш засекогаш од ова и да се спасиме и ние, а и сите останати генерации кои треба да ја одржуваат во живот оваа наша Македонија здрава и жива.

Војо Цветановски

Вчера преку Скајп ми се јави еден пријател кој живее во Австрија, во Линц. Ме праша:

„Војо, каква е состојбата во Македонија бе брат, се збори све и свашта“.

Му одговорив со еден збор:

„Покољ“.

Другари, на себе да си дојдам не можам, а и да разберам не можам, кога ја гледам сета омраза која излегува од луѓево наши. Срцево ми е распарчено кога гледам со какви тешки квалификации се служат само и само да навредат, да дискредитираат, да се обидат да понижат некого јавно, при тоа, не бирајќи средства за тоа да го сторат.

Да е уште поголем идиотизмот, најчесто, истите тие луѓе се служат со невистини, лаги и измислици. Етикетираат на секој чекор. Етикетира кој како сака, без око да му трепне, без и да помисли дека можно е да нанесе големи последици, болки, трауми, без и најмалку да помисли на оној наспроти себе.

Блуењето омраза во ова наша мала татковина во моментиве е кренато на највисоко можно ниво. Никако не можам да си одговорам, од каде се створи целата оваа омраза кај луѓево наши.

Тешко ми паѓа на душава кога ја гледам оваа отворена војна по социјалниве мрежи која се бие во последниов период. И тоа војна во една насока. Националистите маваат по пацифистите, со цела сила, онака удри бе кој ги е.., и тоа, што е најстрашно без аргументи го прават тоа, сокриени зад мониторот на нивниот беден живот, во оваа отруена земја и реално и симболички, заглавена до гуша во долгови, направени токму од оној кој себеси се претставуваше за најголем националист. Да, тоа е истиот оној човек кој секогаш кога зажежуваше тука, по било кое прашање, секогаш бегаше одовде. Никогаш не прифати да биде дел ниту од решението ниту од проблемот. Тоа, другари и другарки требаше на сите до еден да ни биде првата индикација дека нешто не е во ред, првиот пат кога избега, а тука вриеше ко во котел, уште тогаш требаше да ни биде јасно на сите со кого си имаме работа.

И како кулминација, кога најмногу нему му зажежи си ги испразни сите сметки кои ги имаше тука, а кои ги наполни со нашите пари, замина зад два гранични премина одовде, за оттаму да глумата ем загрижен, ем националист. Најжално од се’ во целава слика е што некои уште и го третираат како најголем националист, патриот, загрижен граѓанин за оваа земја.

Да е перверзијата уште поголема, дури, напиша и статус на фејсбук денот кога стигна во градот на Дунав. Ги остави сами тука сите негови националистички ориентирани другари, ем на цедило, ем да го слават, да го воздигнуваат и, патем, да урлаат по нас пацифистите кои единствено и мислиме само добро на оваа земја.

Северџани, северњаци, лоботомирани, дудлачи, продадени души, шиткачи, парољупци … и какви ли уште не етикети ќе прочитаме на лична адреса. За жал другари, во Македонија денес живеат и тоа сериозен број на луѓе кои мразат од дното на душата и не се срамат тоа јавно да го кажат.

* * *

И сега, кога конечно доаѓа времето да се реши сета мачнина во која сме угушени, односно, се појавува излезот од целата оваа жива кал во која се давиме од осамостојувањето па се’ до денес и тоа во земјата од која официјално се иселени 300 000 луѓе по легален пат и за уште толку се шпекулира дека се заминати со привремен престој или некои од нив се на нелегален начин некаде таму, што и не е за обвинување, гледано од оваа перспектива. Некои од нив се и со пасоши од една соседна земја, можеби и не само една, што значи толку било за никаде тука што биле принудени да потпишат плус и да платат да бидат државјани на друга земја само и само да заминат одовде, да се спасат и да си ја бараат среќата на некое друго место. Онаа елементарната среќа, која по задолжение треба да ти ја обезбедат оние кои ги гласаш на избори. И токму сега кога се појавува сламката спас, одеднаш, се раѓа и почнува да пали и жари национализмот. Преку ноќ национализмот се претвори во злобна ламја, се воздигна на највисоко можно ниво и почна да им ја гризе душата на луѓево наши. Метастазира со брзина на светлината, јадејќи ни ја суштината, обидувајќи се да ја изеде и последната ронка надеж дека тука сепак има смисла да се остане.

За жал на мета на тој национализам, на таа метастазирана форма на живеење, со тешки зборови и навреди бевме етикетирани и јас и моето потесно семејство. Тешки навреди стигнаа на наша адреса. Не’ вреѓаа и мене и мојата сопруга, по секоја основа, без да се бираат средства. И тоа е до некаде ОК, јас можам да се носам со навреди и етикети, а и мојата сопруга е доволно зрела за тоа, се разбира. Најболно од се’ беше тоа што почнаа да ми ги вреѓаат и децата. Да ги нарекуваат со најпогрдни зборови. Едното е на единаесет годишна возраст, другото на година и десет месеци. Кога поставив прашање дали е во ред да се спомнуваат нечии дечиња кои се апсолутно недолжни за тоа што нивните родители имаат поинаков став од оној националистичкиот одговорот беше:

Комуњари, комуњарчиња ствараат. Немој ти мене деца – меца. Предавници сте!

 ОК. Еве имам и јас да поставам неколку прашања, за кои знам дека нивото на интелигенција на еден националист никогаш тоа нема да го исперципира како што го поставувам, но, сепак ќе ги поставам:

Крив сум затоа што излегов со сите оние 609 000 луѓе и заокружив ЗА излез од оваа жива кал во која живееме 28 години?

Крив сум затоа што само 35 000 луѓе излегоа и рекоа дека не се ЗА договорот од Преспа и излез од оваа жива кал, а имаа можност да кажат НЕ?

Крив сум што заокружив ЗА со надеж дека сите оние мои блиски пола и повеќе од другари ми се иселија од државава заради живата кал во која живееме и бараа подобар живот некаде таму, со надеж дека ќе се излеземе од оваа жива кал и ќе се вратат дома за повторно да бидеме заедно?

Крив сум што заокружив ЗА затоа што со тоа верувам во подобро утре и полека полека во требењето на сиромаштијата?

Крив сум што заокружив ЗА затоа што сакам јас, моето семејство и моите деца да останеме да живееме тука, тие да растат и да се развиваат, а и да ја издигнуваат оваа земја на највисокото ниво од тука, од Македонија?

Крив сум што заокружив ЗА затоа што знам дека и повеќе од 87.3% сакат да си заминат одовде и веќе никогаш да не ни помислат ниту да размислат да се вратат назад, а јас имам за цел тоа да го спречам и да ги премислам?

Другари, ОК, прифаќам, крив сум. Туку, ај да излеземе од оваа жива кал во која се давиме речиси триесет години, и ти и јас, и, ОК, еве, нема проблем, јас ќе бидам виновен за се’, не грижи се, само, те молам, дај да излеземе еднаш засекогаш од ова и да се спасиме и ние, а и сите останати генерации кои треба да ја одржуваат во живот оваа наша Македонија здрава и жива. Доколку не сакаш да се спасиме преку договорот од Преспа, тогаш, те молам, кажи ми кој е резервниот план, односно кој е подобриот план од Преспанскиот, за спас на оваа земја, верувај ми, навистина верувај ми, јас веднаш, без размислување ќе го прифатам истиот и ќе застанам зад него рамо до рамо, веднаш до тебе.

Единствено што можам да ти забележам е само тоа што тој план за спас на Македонија треба да е пацифистички, не националистички. И доколку, не дај Боже, почне да доминира национализмот, еве тука јавно пишувам, на мене, НЕ РАЧУНАЈТЕ!

Print Friendly, PDF & Email
Share138Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ