• Latest

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Пораки од Тирана: Санкции за притисок врз Кремљ, Путин несериозен во врска со мирот

47 лидери од Европа денеска присуствуваат на Европскиот Самит во Тирана. Тие едногласно најавија санкции против Русија и застанаа на страна на Украина. Путин не е сериозен во врска со мирот, ќе бараме безусловно 30-дневно примирје, санкциите се наша алатка за притисок врз Кремљ, беа пораките на Кит Стармер, латвиската премиерка Евика Силина, Урсула Фон дер Лајен, Еди Рама, Марк Руте…

На Европскиот самит учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој доцна синоќа пристигна од Турција.

На Самиот е присутен и премиерот Христијан Мицкоски.

Вчера попладне полицијата во Тирана, од безбедносни причини, одговори негативно на барањето на опозициската Демократска партија на Сали Бериша за одржување протест денеска попладне, кој во синоќешното соопштение наведува дека не се откажува од протестот закажан на стотина метри оддалеченост од местото каде што ќе се одржува Самитот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Фон дер Лајен од Тирана: ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија, Путин избегнува мир

„Санкциите се наша алатка за притисок врз Кремљ. Путин постојано покажуваше дека нема волја за мир. Тој повика на прекин на огнот на 9 мај, но не го спроведе. Украина побара прекин на борбите со поддршка на САД и ЕУ, но предлозите беа одбиени од Русија. Дури и кога беше предложен состанок во Турција, Зеленски прифати, но Путин не се појави. Ова зборува многу“, рече Урсула фон дер Лајен, во рамки на Европскиот самит во Тирана.

РЕГИОН

Додик продолжува со геноцидната реторика: Муслиманите во БиХ повторно сакаат војна; Сакаат да донесат џихадисти и да спроведуваат шеријатски закон; БиХ треба да се распадне

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик за австрискиот „Профил“ изјави дека се бори за правата на својот народ, но дека против него и некои српски политичари се христијанин Шмит и муслимани „кои би претпочитале да го стават српскиот народ во концентрационен логор како во Втората светска војна“.

АЛ ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

СВЕТ

Украинските и руските претставници се сретнаа лице в лице во Истанбул, прв пат по три години

Украински и руски претставници се сретнаа лице в лице во Истанбул, ова е прв пат делегати од двете земји да се сретнат лично од 2022 година. Турски претставници, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, ги олеснуваат мировните преговори. Трамп, пак,  сака да се сретне со Путин „што е можно поскоро“, како што вели државниот секретар Марко Рубио по неговата средба со украинските и турските претставници во Истанбул

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Еве нас предавниците што ви го вреѓаме славното античкото потекло и бугарското вмровско наследство што ни го напикавте во историјата, што ве гледаме како вазали на Орбан и Вучиќ…. нас ич не нè есапете, ама малку разум и ум купете од модерниот свет, ако не друго, леба ви. Но најн! Упорно се верува на мицковци дека „ќе дојде моментот кога Брисел ќе попушти“, дека „Трамп сега ќе ни среди, нели ние сме наредени први до него пред сите“, или дека „има и други сојузи“ (читај: оска Будимпешта, Белград, Пекинг, преку Москва, или евроазиски некој сојуз)“, пишува Јане Ѓорѓиоски во „Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?“.

Подготви: Б. Јордановска

 

Tags: ДневникЕвропски самит - Тиранасанкции кон Русија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ