Рочиштето за предметот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности за локалните избори во 2013 се одложи поради отсуството на обвинетиот Бедредин Ибраими, поранешен член на ДИК.
Ибраими мислел дека рочиштето е закажано за 8 февруари. Ибраими бил уредно поканет како и останатите обвинети да присуствува на рочиштето. Рочиштето се одложи за 8 февруари. На почетокот ќе биде изведено економско вештачење, а потоа ќе следуваат, според планираното, завршните зборови на СЈО.
Во „Титаник 2“ обвинети се Мендух Тачи, претседател на ДПА, Сашо Мијалков, поранешен претседател на УБК и поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Анета Стефановска, Влатко Сајковски, како и Бедрадин Ибраими.
Б. Ј.