• Latest

Формирана Мрежа за борба против говор на омраза во медиумите

January 30, 2019
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Формирана Мрежа за борба против говор на омраза во медиумите

January 30, 2019 13:57
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес-конференција во ЕУ Инфо центарот во Скопје, беше соопштено дека е формирана Мрежа за борба против говор на омраза во медиумите, чиј иницијатор и координатор е Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

 Во формирањето на Мрежата учествуваа професионалните медиумски и новинарски здруженија, носители на одлуки, државните и регулаторните тела надлежни за заштита на човековите права, организации од граѓанскиот сектор и други субјекти од сферата на медиумите и заштитата на слободата на изразувањето, и човековите права.

Извршната директорка на СЕММ, Марина Тунева истакна дека во борбата со говорот на омразата најзначајни се заедничките обиди и делување и меѓусекторската соработка. 

Само преку координацијата на нашите дејствија ќе биде возможно да се изгради и сеопфатна стратегија против говорот на омраза“, рече таа.

 Процесот на формирање на Мрежата беше поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

„Убеден сум дека воспоставувањето на оваа Мрежа ќе има влијание врз јавното мислење и ќе го спречува говорот на омраза во медиумите. Меѓу 2017 и 2018 година Харлем Дезир, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, поздрави некои позитивни реформи во медиумите, притоа подвлекувајќи ја потребата од подобрување на општата ситуација со медиумите во земјата“, истакна амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Претседателката на Управниот одбор  на СЕММ Катерина Синадиновска, зборувајќи за важноста на формирањето на Мрежата, истакна дека е особено значајно обединувањето на сите алки од системот на државата, како и од граѓанскиот и медиумскиот сектор.

Претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски информира дека во периодот од 2014 до 2017 година се евидентирани 49 случаи на говор на омраза во медиумите, кои претставуваат речиси 30 проценти од сите добиени претставки за нарушување на етиката во медиумите во тие три години. 

На денешниот настан беше претставена и Декларацијата  против говор на омраза во медиумите, со чие потпишување се означи почетокот на функционирање на Мрежата. Кон Мрежата за борба против говор на омраза во медиумите  пристапија Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, Министерство за информатичко општество и администрација, Кабинет на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Народен правобранител на Република Македонија, Академија за судии и јавни обвинители,  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – АВМУ, Здружение на новинари на Македонија, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници – ССНМ, Институт за комуникациски студии, Македонски институт за медиуми, Центар за развој на медиуми, Хелсиншки комитет за човекови права, Коалиција Маргини, Фондација Метаморфозис, Институтот за истражување на општествениот развој и Центар за интеркултурен дијалог – ЦИД. 

Процесот за пристапување кон иницијативата е отворен за сите заинтересирани организации, здруженија, институции и медиуми.  

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ